КАФЕ ПАУЗА

13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнато

13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнато

rn

7. Данок за карти за играње, Алабама, САД

rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnАлабама е единствената држава во САД која ве оданочува кога купувате карти за играње. За секој шпил што ќе го купите, треба да платите 10 центи екстра. Исто така, продавачот мора да плати околу 1 евро и годишен данок за лиценца од околу 3 евра. Овој данок важи само за шпилови со 54 карти или помалку.rn

8. Данок за нездрава храна, Унгарија

rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnВо 2011-та година во Унгарија, на сила стапи закон според кој се оданочува храна со многу сол и шеќер, како чипс, бисквити, торти, енергетски пијалаци… Официјално, данокот е познат како Данок на продукти за јавно здравје и додава околу 20% на цената на продуктите. Целта на унгарската власт била да промовира здрав начин на исхрана. Интересно е што изгледа дека функционира – околу 59% до 73% од потрошувачите го намалиле консумирањето на оданочени производи.rn

9. Данок за потемнување, САД

rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnОд 2010-та година, секоја Американка која сака да оди на солариум треба да плати дополнителни 10% од цената на услугата. Овој данок се однесува на сите услуги за потемнување, освен ако не се изведени од лиценциран медицински професионалец.rn

10. Данок за сонцето, Балеарски Острови

rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnБалеарските Острови се посетени од околу 11 милиони туристи секоја година, а ова создава голем притисок на локалните ресурси. Поради тоа, во 2016-та година бил претставен туристичкиот, односно данок за сонцето. Овој данок се однесува на сите посетители на Мајорка, Менорка, Ибица и Форментера и цента е од 2 до 4 евра дневно. Парите се користат за подобрување на туристичката инфраструктура.rn

11. Данок за сенка, Конеглијано, Италија

rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnСопствениците на ресторани и продавници во градот Конеглијано мораат да плаќаат околу 100 евра годишно ако натстрешниците од нивните локали фрлаат сенка на јавните улици. Данокот бил предложен во 1993-та година и требало да важи за целата Италија, но го прифатил само овој град. Откако стапил на сила, повеќето стопанственици само ги тргнале чадорите и натстрешниците.rn

12. Данок за гасови од крави, Естонија

rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnИако звучи навистина смешно, данокот за гасови од добиток навистина постои во Естонија, а неговата цел е навистина сериозна – на овој начин власта се обидува да го намали загадувањето на воздухот и да го спречи ефектот на стакленичките гасови. Кога една крава дигестира трева, таа произведува околу 350 литри метан и 1.500 литри јаглероден диоксид дневно. Според разните пресметки, ова е причина за околу 15% до 25% од сите емисии на гасови во воздухот. Данокот важи за фарми со над 300 крави и чини околу 4.500 евра годишно.rn

13. Данок за тетоважи и пирсови, Арканзас, САД

rn13 чудни даноци од разни држави за кои веројатно немате слушнатоrnrnУметноста на телото станува сè попопуларна помеѓу Американците. Се смета дека околу 36% од жителите на САД, на возраст од 18 и 29 години, имаат барем една тетоважа. Па некои власти се обидуваат да ги заштитат луѓето од непрофесионалните тату артисти и потенцијалните проблеми како инфекција на кожа, па дури и ХИВ. Од 2005-та година, жителите на Арканзас плаќаат дополнителни 6% за услуги за тетовирање и ставање пирс.rnrnДали знаете кои се најчудните забрани ширум светот?