8 предлози за едноставна и здрава вечера

Сподели

Голема е веројатноста дека секоја вечер се двоумите што да јадете, дали она што го сакате, или она што би требало. Не знаете дали да готвите, или повторно да порачате нешто за да ви биде поедноставно. Но, нема потреба вечерата да ви претставува толкав проблем. Погледнете ги овие предлози за здрава и едноставна вечера што сигурно ќе ви се допаднат.rn

Реклама

1. Пржен зеленчук

rnШто е полесно од порачувањето пица? Да соберете неколку состојки, да ги исечкате и да ги испржите. Овој оброк е навистина едноставен и во него можете да ставите секаков зеленчук, протеини и храна богата со хранливи материи, да ги измешате и да направите вкусна вечера без многу напор.

Доброто е што пржениот зеленчук можете да го приготвите на безброј начини и можете да користите намирници што веќе ги имате дома. Доколку се двоумите за состојките, ставете зеленчук по ваш вкус, здраво масло како кокосовото и протеин.

Време за подготовка: 10-15 минутиrn

2. Пица со домати и босилек

rnЗа повеќето луѓе, пицата е оброк што се порачува кога навистина ги мрзи да готват. Но со вистинските состојки и пицата може да биде здрава. За најбрзата верзија, купете готово тесто од пица и ставете го во рерната. Оставете го да се пече 10 до 15 минути, односно додека не добие златно кафеава боја. Потоа можете да ставите сос од домати и босилек, неколку парчиња свеж домат, свеж босилек, козјо сирење и маслинки.

Време за подготовка: 15 минутиrn

3. Смуди од овошје и зеленчук

rnСмудињата се навистина лесни за подготовка и се едни од најздравите оброци. Во нив можете да додадете храна богата со хранливи материи, а вкусот сепак ќе биде одличен. Можеби нема да сакате да вечерате смуди, но доколку внимавате на вашата тежина или вежбате пред спиење, ова е најдобриот оброк за вас.

И овде имате безброј опции, а некои од најкористените намирници за смуди се брокули, краставица и морков, а од овошје јаболка, портокали, грозје, грејпфрут, боровинки и јагоди.

Време за подготовка: 5-10 минутиrn

4. Чинија за појадок

rnЗошто за вечера да не јадете нешто што би го консумирале наутро? Се разбира, овде не станува збор за пржени јајца или палачинки. Повторно можете да направите смуди, но овој пат само со овошје. Потоа ставете го во чинија и додајте гранола, кокос, банана, јагоди, боровинки или што и да е што ви се допаѓа.

Време за подготовка: 5-10 минути

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира