Мај ќе биде поволен месец за повеќето хороскопски знаци. Сепак, најголем успех во работата и најголема финансиска добивка ги очекува следниве три.rnrn
rn
1. Овен
rnМногу од професионалните планови ќе бидат реализирани овој мај. Сепак, за некои работи ќе биде потребно време пред да ви донесат заработка. Доколку сте подготвени да работите напорно, добивката е гарантирана. Но исто важно е и да го сакате она што го работите. Доколку вашата работа ви е важна и прави да се чувствувате добро, многу полесно ќе ја зголемите заработката.rnrnМладата месечина на 5-ти мај ви носи нова прилика за работа или решение за некој проблем. Доколку сте вработени и незадоволни од платата, во втората половина од месецот среќата ќе ви се насмевне доколку побарате покачување. Бидете трпеливи. Вашиот надреден можеби нема веднаш да попушти, можеби ќе ве тестира, а можно е да ви даде и повеќе задолженија. На некои Овни нема да им се допаѓа понудата. Важно е да не брзате со заклучоците, дозволете му на разговорот да се одвива и размислете за следните преговори. Доколку имате ваш бизнис, можно е да вработите некој нов или да направите нова организација на активностите. Доколку сте невработени, ќе имате можност за нова и добро платена работа.rn
2. Близнаци
rnВо првата половина од мај ќе бидете полни со храброст и енергија. Поради импулсивноста, можно е да влошите некоја соработка. Вие сте во период кога најголемиот успех ќе го достигнете преку групни активности и дружење и сега не би требало да делувате сами. Поради тоа, бидете внимателни што кажувате и што правите. Мора да најдете средина помеѓу вашите и интересите на мнозинството. Пријателите можат да ви помогнат во напредокот во кариерата или во барањето нова работа.rnrnДоколку сте дел од друштвено-професионална група, можете да заработите многу. Ова ќе ви отвори и нови можности како инвестирање или промовирање и продавање на некој производ. Вашите финансиски цели ќе бидат остварени, но избегнувајте го потенцијалниот ризик. Немојте да го наметнувате вашето мислење на другите.rn
3. Лав
rnОвој мај е погоден за развојот на вашата кариера, како и за зголемување на приливот на пари. Посветете ѝ се на работата и дајте го најдоброто од себе, па добрите резултати нема да изостанат. Успехот ви е на дофат на рака, но немојте да станете незаситни и да правите несигурни вложувања. Младата месечина на 5-ти мај е поволна за нови проекти или за развој на нова стратегија за досегашната работа.rnrnНаправете нов план за долгорочните проекти и посветете се онаму каде што сте потребни. Бидејќи ќе бидете поистакнати од обично, бидете подготвен и на озборувања. Немојте да реагирате на нив. Можете да заработите и од некој стар проект, особено во вториот дел од месецот. Во првата недела од мај можно е да добиете неочекувана добивка.rnrnДонајте и кои хороскопски знаци би требало да останат сингл овој мај.
