КАФЕ ПАУЗА

12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателки

Дојде петок. Целиот викенд е пред вас. Вие уште рано од сабајле сте почнале да ја планирате заедно оваа вечер, зборувајќи што ќе носите, каде ќе одите и колку многу ќе пиете. Планот е подготвен, а сега преостанува само уште да завршите со дневните обврски, да се избањате и да се соберете кај една од вас за да почнете со подготвувањето…rnrn12-те фази на опивање со вашите најдобри пријателкиrn

1. Планирање на предиграта

rnМагично и прекрасно време поминато со анксиозни прашања како „Дали мислиш дека Марко ќе дојде?“ и разговори за видовите алкохол кои би ги пиеле вечерва. Вие дури и си поставувате граници иако знаете дека подоцна нема да ги почитувате.rn

2. Предигра исполнета со ентузијазам

rnОва е можеби најклучниот чекор за целата вечер. Вие веќе сте ја пробале целата облека во вашите шкафови, сте размениле неколку модни комбинации и сега сте подготвени за одличен помин. Ова е моментот кога пуштате музика додека се шминкате и СЕ ВОЗБУДУВАТЕ И ТАНЦУВАТЕ И ЕДВАЈ ЧЕКАТЕ ДА ЈА ИМАТЕ НАЈДОБРАТА ВЕЧЕР ВО ВАШИОТ ЖИВОТ!rn

3. Фотографирани докази

rnВечерта само што почнала и вие изгледате прекрасно! Но, да бидеме искрени, тоа нема долго да трае. Па, токму затоа правите колку е можно повеќе фотографии и ги објавувате на сите социјални мрежи.rn

4. Танцувачки будалштини

rnСекоја група има една пријателка која едноставно не може да престане да танцува. Кога во неа ќе влезе малку „течна храброст“, таа почнува да танцува и не престанува додека не се врати дома. Не е важно дали сте во бар или во вашата дневна соба, оваа личност танцува како Шакира!rn

5. „Те сакааам мнооогу!“

rnВо овој момент, пијалаците изобилуваат со чувства на љубов. Вие почнувате да делите комплименти на сите страни и одеднаш имате потреба да ја искажете вашата љубов кон вашите најдобри пријателки. Вие им велите дека ги сакате многу и дека тие ќе ви бидат вашите деверици. Понекогаш дури и почнувате да плачете.rn

6. Досието на бившите

rnВо овој момент алкохолот е во полн замав и токму тогаш настанува разговорот за бившите каде што вие ги исфрлате сите оние нешта кои ви тежат на душата.rn

7. Внатрешни шеги

rnДојдовме до делот кога се враќате во минатото и се чувствувате малку носталгично. Секоја шега која некогаш сте ја направиле си го наоѓа својот пат до овој разговор, дури и ако нема смисла.rn

8. Премногу матни фотографии

rnВашиот вид е веќе нарушен, па токму затоа ви е намалена координацијата очи – раце. Во овој момент секогаш може да се слушне како некој вели, „Во ред сум! Не сум пијана! Ајде да ја направиме фотографијата!“ И убедени сте дека изгледате добро, но реалноста е дека сте изгледале подобро. Многу подобро.rn

9. Шотови за најдобрите пријателки

rnВие решивте да престанете да пиете, но токму тогаш некоја од вас предложува уште една рунда шотови. И наздравувате, повторно. За вас, гласно за да слушнат сите. Вие можеби сте неподносливи за оние околу вас, но не се грижите. Вие сте заедно и тоа е тоа што е важно!rn

10. „Го правам ова за твое добро!“

rnДобрата пријателка секогаш ќе ви каже дека не треба да му пратите порака на тој идиот. Но, најдобрата пријателка ќе ви го земе мобилниот телефон и нема да ви го даде сè додека не се отрезните, без разлика на тоа колку многу ја молите и преколнувате.rn

11. Пополноќна вечера

rnХрана. Оваа вечер толку многу ве истрошила што мора да најдете колку што е можно помрсна храна со цел да си ја вратите енергијата. Уште подобро ако келнерот или доставувачот е сладок. Тоа би било совршено, нели?rn

12. Пристигнувањето дома

rnНекаде во текот на вечерта сте одлучиле сите да преспиете кај една од вас и сте пристигнале во нејзиниот дом неколку секунди пред да се онесвестите. Вие се погрижувате секоја од вас да испие доволно вода и потоа се местите на каучот пред телевизорот и пуштате неколку епизоди од ТВ серијата „Пријатели“. Убедени дека до изгрејсонце ќе гледате, вие заспивате една покрај друга…rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.