Сигурно вашето искуство ви покажало дека различни причини предизвикуваат различен начин на опивање и различна тешкотија при мамурлакот. Причините најчесто се различни кај секого. Секој различно поднесува алкохол, но покрај заморот и гладот има и некои други показатели кои можат да ви кажат колку брзо ќе се опиете вечерва и каков мамурлак ве очекува утре наутро.rnrn
rn
Обоени алкохолни пијалаци
rnОбоените алкохолни пијалаци како виски, коњак, ракија или црн рум ќе ве „наградат“ со најтешкиот мамурлак. Силината на мамурлакот зависи од количината на конгенери кои ги содржи пијалакот. Конгенерите се нуспродукти на ферментацијата на алкохолот. Тие му даваат на пијалакот потемна боја и посилен вкус, а во една чаша виски има дури 37 пати повеќе конгенери во споредба со вотката. Проблемот со нив е во тоа што тие се одговорни и за тешките главоболки ден по пијанењето. Една студија покажала дека луѓето кои пијат обоени алкохолни пијалаци имаат многу поголеми шанси да се разбудат со мамурлак во споредба со оние кои испиле иста количина на необоени пијалаци. Така заклучиле дека многу е полесно човек да се опие од виски отколку со вотка, а потоа следуваат и многу полоши симптоми на мамурлак.rnrn
rn
Необоени алкохолни пијалаци
rnВотката, џинот и белиот рум ќе ви предизвикаат мамурлак, но нема да биде толку силен како со обоените алкохоли. Добрите вести се дека четири чашки џин нема да ви предизвикаат толку лош мамурлак како четири чашки коњак, па ќе можете да испиете уште некоја доколку навистина сакате толку многу да ве боли глава утредента.rnrn
rn
Пиво
rnОсвен вообичаените симптоми на мамурлак, пивото ќе ви предизвика подуеност и гасови. Инаку тој не предизвикува толку страшен мамурлак како претходните пијалаци, но прави проблеми со телесната тежина. Како и при пиењето на каков било друг алкохол, црниот дроб мора да го согорува алкохолот наместо мастите и тоа придонесува за дебелеење, а покрај тоа пивото е многу покалорично од вотката и сличните пијалаци.rnrn
rn
Црвено вино
rnИ црвеното вино содржи високо ниво на конгенери кои предизвикуваат тежок мамурлак. Лошата вест е што колку виното е поевтино и понеквалитетно, толку повеќе конгенери содржи. Друг проблем е тоа што црвеното вино може да направи да ви се спие уште додека се опивате, па можно е и да заспиете негде пред да стигнете дома ако претерате со него.rnrn
rn
Бело вино
rnБелото вино предизвикува сличен мамурлак како и необоениот алкохол, а исто така содржи состојки кои ќе ве направат поспани како и црвеното вино.rnrn
rn
Шампањ
rnШампањот не важи за пијалак кој дава големи главоболки кога ќе ве опие и тоа е точно. Но, кај него има еден друг проблем. Високото количество на јаглерод диоксид во него прави полесно да се апсорбира во крвта, а со тоа и побрзо да ве „фати“. Ако се одлучите за овој пијалак и претерате, веројатно ќе бидете првите кои ќе ја напуштат забавата поради пијанство.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.