n
7. Австрија
nnТрадиционалното божиќно мени во Австрија содржи пржен крап. Но, последниве неколку години и мисирката станала популарна. Кога станува збор за десертите Австријците се држат до традицијата, а тоа е популарната „захер“ торта со џем од кајсии и многу чоколадо, која потекнува од Виена.n
8. Нов Зеланд
nnНашите пријатели од јужната хемисфера Божиќ обично го слават во дворовите. Тие го користат топлото време за подготовка на скара, која е главниот оброк за Божиќ. Некои семејства повеќе сакаат морска храна како риби и ракчиња, а други шунка и други деликатесни меса.n
9. Исланд
nn„Hangikjöt“ е традиционалниот исландски специјалитет кој содржи тенко исечени варени парчиња месо со прилог од крем-сос. Јадењето е многу вкусно и може да содржи чадено јагнешко, овчо или коњско месо.n
10. Италија
nn„Гозбата со 7 риби“ традиционално се подготвува за Божиќ. Вечерата содржи седум оброци, меѓу кои морска храна како риби, октоподи и школки, па дури и пржена јагула. Последниот оброк е задолжително десертот „панетоне“.n
11. Јапонија
nnВерувале или не, над 3,6 милиони Јапонци Божиќ го слават со кофичка полна пржено пилешко месо во познатите ресторани за брза храна. Благодарение на силната кампања на овие големи ланци за брза храна во 70-тите години, луѓето се навлекле на брзата храна и на овој начин го прославуваат Божиќ.n
12. Шведска
nnШвеѓаните својата божиќна гозба традиционално ја поставуваат на добро познатата „шведска маса“. На трпезата ќе најдете шунка, риба, специјалитети од компири и „rosolli“ (салата која содржи ситно насечкано цвекло, компири, моркови, јаболка и крем).nnМожеби сакате да се потсетите и која е симболиката на храната што се поставува на бадниковата трпеза?
