КАФЕ ПАУЗА

20 работи коишто ќе ги разберат само креативните луѓе

Премногу креативните луѓе мислат и дејствуваат поинаку од просечниот човек. Ако околу себе имате ваква личност, сигурно сте искусиле моменти кога ви се чинело дека тие живеат во сосема поинаков свет од вас. Па, не сте се излажале. Вистината е дека тие го гледаат светот со поинакви очи, а во продолжение ви наведуваме 20 работи коишто треба да ги знаете за нив.rnrnrn

1. Нивниот ум никогаш не се изморува

rnКреативниот ум постојано е поткрепен со љубопитност, тука нема копче за пауза и иако понекогаш ова може да биде исцрпувачки, исто така може да биде извор на луди и забавни активности и разговори.rn

2. Ги предизвикуваат константните работи

rnДве прашања ги разликуваат креативните луѓе од другите: „Што ако?“ и „Зошто да не?“ Додека за другите околу нив ова може да биде непријатно, за креативните луѓе ова е прилика да откријат што се во можност тие да направат.rn

3. Ја прифаќаат својата генијалност, иако другите не го прават тоа

rnКреативните луѓе повеќе сакаат да бидат автентични, отколку популарни. Остануваат верни на себе, без компромиси, дури и ако бидат погрешно разбрани и маргинализирани од останатите.rn

4. Имаат проблеми со постојаното останување на една задача

rnПремногу креативните луѓе се полни со енергија и се подготвени да започнуваат нови работи. Постојаните проекти за нив претставуваат здодевност, пред сè поради тоа што нивното внимание повеќе е привлечено од нови и возбудливи работи.rnrnrn

5. Создаваат во циклуси

rnКреативноста има ритам којшто минува низ периоди од неколку активности, а секој период е потребен и не смее да се прескокнува, исто како и природните сезони коишто се меѓусебно зависни и неизбежни.rn

6. Ним им треба време да ги нахранат своите души

rnНа креативните луѓе честопати им е потребно да го обноват својот извор на инспирација, па затоа тие одвреме-навреме сакаат да остануваат сами.rn

7. Ним им треба простор за да создаваат

rnВистинската околина е од суштинско значење за да се достигне врвот на креативноста. За некого тоа може да биде одредено студио, кафуле или пак тивко место во куќата. Без разлика каде и да е тоа, потребно е да се почитуваат нивните барања и граници.rn

8. Се фокусираат интензивно

rnКреативните луѓе го игнорираат светот кога се фокусирани на работата. Тие не можат да се фокусираат на повеќе работи истовремено, а откако ќе бидат прекинати, ним им треба дваесет минути за повторно да се фокусираат на работата, дури и прекинот да траел само дваесет секунди.rnrnrn

9. Чувствуваат длабоко

rnКреативноста претставува начин на длабоко комуницирање и изразување. Еден писател мора да ѝ вика на една страница, ако сака да биде слушнат неговиот шепот. На ист начин, креативните луѓе мора да чувствуваат длабоко, ако сакаат да комуницираат длабоко.rn

10. Живеат на работ на радоста и депресијата

rnЗатоа што чувствуваат длабоко, креативните луѓе честопати може да се префрлат од радост во тага, па дури и во депресија. Нивното чувствително срце е извор на нивното страдање.rn

11. Мислат и зборуваат во приказни

rnКреативните луѓе, посебно уметниците, знаат дека приказните може да допрат до човечкото срце, па затоа сè што прават го претвораат во приказна. Ним им е потребно повеќе време за да објаснат нешто, но суштината не е во објаснувањето, туку во искуството.rn

12. Секојдневно се борат со отпорот

rnКреативните луѓе секое утро се будат со помислата дека треба да напредуваат. Но, секогаш постои стравот дека нема да успеат. Без разлика колку една личност е успешна, ваквиот страв никогаш не исчезнува.rnrnrn

13. Ја сфаќаат работата премногу лично

rnКреативната работа е одраз на личноста којашто ја создава. Затоа, честопати тие не се во можност да ја одвојат својата личност од работата.rn

14. Имаат потешкотии да веруваат во себеси

rnДури и навидум самоуверените креативни луѓе честопати се запрашуваат: „Дали сум доволно добар?“ Тие постојано ја споредуваат нивната работа со другите и не успеваат да го согледаат својот успех, иако тој може да е очигледен за останатите.rn

15. Тие се длабоко интуитивни

rnКреативните личности инстинктивно знаат како да реагираат во одредени ситуации. Тие ќе ви речат дека тоа не може да се разбере, туку само да се искуси.rn

16. Честопати одложуваат

rnТие честопати потсвесно, а понекогаш и намерно ја одложуваат својата работа до последниот момент, едноставно да им биде повозбудливо.rnrnrn

17. Тие се зависни од креативноста

rnКреативните луѓе се зависни од возбудата која доаѓа со создавањето нови нешта.rn

18. Имаат потешкотии со завршување на проектите

rnПочетната фаза на креативниот процес е брзото движење и искусувањето на возбудата. Честопати креативните луѓе ќе се откажат од проектите со коишто многу добро се запознаени, со цел да ја доживеат возбудата којашто ја носат новите почетоци.rn

19. Ги согледуваат работите подобро од другите

rnКреативните луѓе ги согледуваат работите уште пред да станат очигледни за другите.rn

20. Тие никогаш нема да пораснат

rnКреативните луѓе го спознаваат светот низ детски очи. За нив животот е вистинска мистерија и авантура.rnrn