Велат ако изедете едно јаболко на ден, нема да имате потреба од доктор. Но, што ако се 2 јаболка? Сигурни сме дека се поздрави од чоколадо, но што ако се 4, 5 или 10 јаболка на ден? Дали премногу овошје може да биде нездраво? Прочитајте во продолжение и дознајте.rnrn
rnrnЛекарите велат дека премногу овошје може да биде нездраво. Овошјето содржи фруктоза поради што е така вкусно и слатко. Фруктозата е сепак (природен) шеќер и ги предизвикува истите проблеми од претераната употреба на шеќер. Доколку изедете 1 јаболко ќе ги искусите здравствените придобивки, но 3 резултираат со замастен црн дроб. Кога ќе се замасти црниот дроб многумина претпоставуваат дека тоа е поради алкохолот. Но, лекарите велат дека од 20 до 30% од случаите тоа нема врска со алкохолот бидејќи е последица од премногу фруктоза.rnrnДали треба да се јаде само зеленчук? Не, ова не значи дека овошјето треба целосно да се избегнува бидејќи луѓето и така јадат премалку овошје. Меѓутоа, треба да се размисли кој вид овошје се внесува во организмот и во колкава количина бидејќи секоја овошка содржи различно количество шеќер.rnrnБананите, јаболката и сливите имаат многу повеќе шеќер од портокалите или шумското овошје. Препорачана доза е 5 порции овошје и зеленчук на ден, но зеленчукот има предност. На пример, можете да внесувате 2 парчиња овошје и 3 зеленчук. Исто така важно е и кое овошје ќе се јаде. Свежото е секогаш подобро од преработеното, а овошниот сок од портокал не се препорачува да се пие наутро бидејќи содржи висока концентрација овошје и многу побрзо се пренесува во крвотокот.rnrnПоради разновидното овошје и големата количина на истото што се става во смуди и во овошните сокови брзо може да се надмине потребната количина, па затоа овошјето треба внимателно да се комбинира.rnrnСо други зборови, консумирањето овошје треба да се прилагоди на животниот стил. Кој сака денот да го започне со чаша природен сок од свеж портокал мора и да вежба за да го истроши внесениот шеќер.rnrnВнесувајте овошје колку што ви бара организмот и не заборавајте дека природниот шеќер што се содржи во него има речиси идентично влијание како и обичниот шеќер.rnrnДознајте и кој е најдобриот дел од денот за консумирање овошје.
Дали знаевте дека може да дојде до предозирање со овошје?
