rn
7. Ѕвоно од 1.400 килограми
rn
rnrnВо 2005-та година било украдено виетнамско бакарно ѕвоно од будистички храм во Вашингтон. Криминалците го украле додека свештениците биле во длабока медитација. Полицијата верува дека крадците користеле вилушкар. Ѕвоното било пронајдено 3 години подоцна кога криминалците се обидувале да го продадат.rn
8. Седум јајца Фаберже
rn
rnrnСемејството Фаберже создало 50 јајца со скапоцени камења за руското кралско семејство од 1885-та до 1917-та година. Тие биле изгубени и денес има само 7. Секое од нив вреди повеќе од 1 милион евра и тие се едни од најскапите нешта кои се украдени.rn
9. Салиера
rn
rnrnСалиера е златна скулптура направена во 15-ти век од страна на уметникот Бенвентуно Селини за кралот Франсис Први од Франција. Не само што фигурата е прекрасна, туку е и практична – направена е како сад за сол и бибер. Скулптурата која вреди околу 56 милиони евра била украдена од музеј во Виена во 2003-та година. Крадецот ја чувал фигурата неколку години пред да биде фатен од полицијата.rn
10. Концерт
rn
rnrnОваа неверојатно позната слика од уметникот Јоханес Вермер била украдена од музејот Изабела Стјуард Гарднер во 1990-та. Истовремено биле украдени и 11 други слики, но Концерт била најскапа со вредност од речиси 200 милиони евра.rn
11. Килибарна соба
rn
rnrnМногумина сметаат дека Килибарната соба е осмото светско чудо. Изградена е во раниот 18-ти век за Фредерик, кралот на Прусија. Златната соба била украдена од нацистите во 1941-та година и префрлена во денешен Калининград, Русија. Наводно собата била уништена со замокот во 1945-та година, но некои експерти веруваат дека е зачувана и дека можеби е скриена негде.rnrnПогледнете и кои се најбараните украдени уметнички дела.
