КАФЕ ПАУЗА

10-те најбарани украдени уметнички дела

Кога Мона Лиза исчезнала од Лувр во 1911-тата година, кражбата на едно од најпознатите дела на да Винчи станало глобална сензација. Се претпоставува дека Винченцо Перуџа, работник во музејот, ја криел легендарната слика во орманот за метли додека зградата не се затворила. Две години подоцна тој бил уапсен, а сликата вратена на своето место каде заедно со преостанатите уметнички креации, стои како сведоштво за неверојатниот талент и генијалност на најпознатите сликари во историјата.rnrn10-те најбарани украдени уметнички делаrnrnПостојат голем број изгубени уметнички дела кои за жал не ја делат истата судбина со Мона Лиза и треба допрва да бидат пронајдени, па дознајте кои се 10-те најбарани меѓу нив.rn

1. Цвеќе од афион – Винсент ван Гог

rn10-те најбарани украдени уметнички делаrnrnОва уметничко дело е украдено од музејот Махмуд Кали во Каиро, во 2010-тата година. Неговата вредност се проценува на 50 милиони американски долари.rn

2. Гулаб со грашок – Пабло Пикасо

rn10-те најбарани украдени уметнички делаrnrnСликата настанала во 1911-та година, а станала плен на кражба во 2010-та, кога заедно со уште 4 ремек-дела исчезнала од Музејот за модерна уметност во Париз. Нејзината вредност се проценува на 100 милиони долари.rn

3. Концерт – Јоханес Вермер

rn

10-те најбарани украдени уметнички дела

rnВермеровата слика настанала во 1664-та година, а исчезнала со уште 12 други во 1990-та во големата кражба на музејот Изабела Стујарт Гарднер во Бостон. Се проценува на околу 200 милиони долари.rn

4. Бура на Галилејското море – Рембрант Хермесон ван Рејн

rn10-те најбарани украдени уметнички делаrnrnОва ремек-дело од 1633-та година исчезнало заедно со претходната слика во истата кражба на музејот Изабела Стујарт Гарднер и се проценува на 50 милиони долари.rn

5. Рождеството со Св. Френсис и Св. Лоренс – Караваџо

rn

10-те најбарани украдени уметнички дела

rnКараваџовите дела се едни од највредните во светот и токму поради таа причина се честа мета на крадците. Една успешна кражба се одиграла во 1969-тата година, кога оваа слика била украдена од ораториумот Сан Лоренцо во Палермо.rn

6. Праведни судии – Јан ван Ајк

rn

10-те најбарани украдени уметнички дела

rnСликата настанала помеѓу 1426-тата и 1432-тата година, а била украдена во 1934-тата година од Катедралата св. Бава во Белгија.rn

7. Портретот на младичот – Рафаело

rn10-те најбарани украдени уметнички делаrnrnОва ремек-дело настанало околу 1513-та година и се смета за едно од најважните слики во историјата на уметноста. Исчезнало во текот на Втората светска војна, откако било запленета од гестапо.rn

8. Мостот Чаринг-Крос, Лондон – Клод Моне

rn

10-те најбарани украдени уметнички дела

rnМоне го насликал познатиот циклус слики од мостот Чаринг-Крос во Лондон, во кој е прикажан во различно време од денот и од различни агли. Една од сликите била украдена од музејот Кунстал во Ротердам, во 2012-тата година.rn

9. Читањето на девојката во бело-жолто – Анри Матис

rn10-те најбарани украдени уметнички делаrnrnИ оваа слика била украдена истиот ден кога била украдена претходната слика. Насликана е во 1919-тата година и се проценува на 50 милиони долари.rn

10. Трите студии на Лусијан Фројд – Френсис Бејкон

rn

10-те најбарани украдени уметнички дела

rnСликата е украдена во 1988-та година од берлинскиот музеј Нова национална галерија и се проценува на околу 150 милиони долари.