rn
6. Каинди, Казахстан
rnПричината за огромната посетеност на ова езеро и големиот број фотографи кои доаѓаат од целиот свет да ја овековечат оваа убавина се многубројните езерски дрвја, кои излегуваат на површината од водата како копја.
Речиси 30 метри длабоко, езерото е формирано откако огромен варовен столб ја истуркал целата шумска вегетација под вода. Денес, овие дрвја сè уште опстојуваат под површината на езерото, давајќи ѝ прекрасна тиркизна боја на водата.
rn
7. Хилер, Австралија
rnДоколку погледнете црно-бела фотографија од ова езеро, можеби нема да сфатите зошто е толку посебно. Опкружено со песок и бујна шума, ова езеро е карактеристично по неговата несекојдневна розова боја.
Многу научници докажуваат дека причина за ваквата појава е големото количество бактерии, кои во состав со високата концентрација на сол ја создаваат токму розовата боја.
Иако не изгледа привлечно за капење, бројни истражувања покажуваат дека ваквиот состав нема никакви негативни ефекти по здравјето на луѓето.
rn
8. Ваитомо, Нов Зеланд
rnПештерите Ваитомо се едни од најголемите природни атракции во Нов Зеланд.
Откриени пред повеќе од 100 години, пештерите изгледаат како област од друга планета.
Благодарение на малите светлечки црви кои испуштаат сина светлина, се создава рефлексија на површината на сталактитите која придонесува за изгледот на „ѕвездено небо“.
rn
9. Исус Христос под вода, Италија
rnОваа бронзена статуа е потопена на длабочина од 17 метри во Средоземното Море.
Опкружена со корални гребени и разновидни морски животни, оваа статуа е спуштена во морето во 1955 година. Статуата е изработена од страна на Гуидо Галети, во чест на првиот Италијанец кој ја употребил нуркачката опрема во водите на Медитеранот – Дарио Гонзати.
rn
10. Абрахам, Алберта
rnОва езеро нуди магична глетка поради „замрзнатите меурчиња“ – меурчиња исполнети со метан, кој замрзнува на површината на езерото.
Оваа појава која привлекува голем број фотографи е резултат на растението кое се наоѓа на дното на езерото.
rn
11. Дервезе, Туркменистан
rnВо 1971 година, советски геолози пронашле нафта на територијата на Туркменистан. При ископувањето, земјата под дупчалките се распаднала, создавајќи широк кратер кој испуштал големи количества метан, што претставувало потенцијална опасност за околните села во Дервезе, Туркменистан.
Најефикасното решение на овој проблем било да ги согорат отровните гасови – со што се очекувало дека сите гасови во кратерот ќе согорат за неколку дена.
Но повеќе од четири децении подоцна, кратерот сè уште гори со огромни пламени, претставувајќи светска атракција за туристи ширум светот.

