Некои луѓе навистина се подготвени да направат сè што е потребно за да добијат работа, а со оглед на фактот дека процентот на невработени луѓе е сè поголем секој ден, па за една работна позиција аплицираат десетици луѓе, навистина е потребно некако да се истакнеш. А тоа не е воопшто едноставно ниту лесно.rn
1. Еден дечко го вработиле откако купил реклама на Гугл користејќи ги имињата на потенцијалните работодавци
rnАлек Браунстајн навистина дошол до креативна идеја. Тој купил реклама од Гугл која се појавува прва и најгоре кога некој од извршните директори на големите фирми за маркетинг ќе си го прогугла своето име, а која всушност претставувала апликација за работа. Тоа што Браунстајн го чинело само 15 центи, успеало да му ја донесе работата што долго ја посакувал токму кога Ијан Рајхентал од „Young and Rubicam“го повикал на интервју и го вработил.rnrn
rn
2. Жена од Џорџија ги искористила божиќните светилки за да го испише своето сиви
rnСо светлата, кои Лиз Хикок ги поставила на предниот дел од својата куќа, биле испишани зборовите: „Моја желба – работа во човечки ресурси, Лиз Хикок, Линкдин“. Токму оваа целосно креативна и иновативна идеја привлекла огромно внимание кај сите луѓе кои поминале пред нејзината куќа. Така таа добила многу предлози за работни места од луѓе кои поминувале пред куќата, а добила и многу пораки на Линкдин.rnrn
rn
3. Еден човек целата своја заштеда ја потрошил на билборд реклама на која било испишано: „Спасете ме од имиграција“
rnКога сите класични методи на аплицирање за работа не му успеале, 26-годишниот даблинец Фејлим Мак Ан Јомер, кој себеси се нарекувал безработниот Педи, ги потрошил и последните пари за да купи билборд на кој ги испишал зборовите дадени погоре и ја додал својата имејл адреса надевајќи се дека така ќе добие работа. Неговата луда инвестиција се исплатила кога во јуни бил вработен од ирската онлајн обложувалница PaddyPower.com.rnrn
rn
4. Еден човек понудил бесплатна HD камера на Твитер за оној кој ќе му помогне да најде работа
rnКога сите класични начини за да се најде работа не успеале ни за Џон Колби, тој решил да преземе малку поразлични мерки за да се вработи. Започнал т.н. Натпревар за да му се помогне на Џон Колби да најде работа на Твитер, а наградата била HD камера. Сега тој е вработен како операционен менаџер во „Affinity Architects“, иако не е потврдено дали е тоа резултат на натпреварот или не.rnrn
rn
5. Овој дечко се послужил со интерактивно сиви кое му донело неверојатно многу понуди за работа
rnГрем Ентони, личност за односи со јавност и консултант за социјални медиуми, решил своето резиме и своите способности да ги презентира во едно видео. Бидејќи како што вели тој, иако нема ништо лошо во добриот стар традиционален начин на аплицирање за работа, сега начинот на комуницирање е многу променет и тој еволуирал во нешто повозбудливо и попристапно. Видеото го испратил до неколку компании, а понудите за работа почнале да се редат за многу кратко време. Иако примил премногу понуди, сепак сфатил дека е поисплатливо да работи сам за себе.rnrnrn
6. Потпретседателката на Thrillist.com била упорна во аплицирање за работа во CBS и на крајот ја добила работата
rnИ додека некои веројатно одамна би биле избркани од обезбедувањето, на Флави Багнол сепак ѝ се исплатела упорноста. Сè откако завршила колеџ, таа имала желба да работи во CBS и постојано одела таму да аплицира за работата од нејзините соништа. Иако многу пати била одбиена, не откажувајќи се од својата замисла, таа конечно успеала да добие интервју и на крајот ја добила работата.rnrn
rn
7. Кандидат за работа му понудил на потенцијалниот работодавец да му ги измасира стапалата
rnИ бидејќи во краен случај се обидуваме со сè и сешто, нема причина зошто ова не би припаѓало во тој куп. Секако, кандидатот би го измасирал работодавецот само доколку е вработен.rnrn
rn
8. Еден човек му испратил на работодавецот голем колач на кој било испишано неговото име
rnИ зошто да не бидеме покреативни кога можеме? Иако знаеме дека добриот колач допира до секого, за жал не знаеме со сигурност дали овој десерт имал влијание врз одговорниот за човечки ресурси. Но тој сигурно уживал во десертот.rnrn
rn
9. Некои луѓе се обиделе со вуду магијата на Доктор Снејк да добијат работа
rnСе чини дека сè повеќе луѓе се обидуваат со надреалното кога сите други опции се веќе исцрпени. Така, за 120 долари можете да купите магија која ќе ви ги зголеми шансите токму вие да ја добиете работата за која аплицирате и ќе ви ја зголеми самодовербата.rnrn
rn
10. Двајца момци не можеле да се соочат со тешкиот пазар на трудот, па почнале да огласуваат реклами на нивните лица
rnСоочувајќи се со можноста да завршат факултет без да имаат работа и со многу долгови, двајцата студенти од Велика Британија Рок Харпер и Ед Мојзи решиле да ги изнајмуваат своите лица како место за поставување на реклами. Тие ги бојат логоата на компаниите и потоа се појавуваат во гужви за да бидат видени од што повеќе луѓе. Исто така ги споделуваат сликите на нивните профили на социјалните мрежи. Па и ова е добар бизнис кога веќе не може да се најде работа.rnrn
