КАФЕ ПАУЗА

11 необични карактеристики што децата ги наследуваат од татковците

Кога ќе се роди, секое дете се споредува со двајцата родители за да се види од кого што наследило. Без разлика дали станува збор за физичкиот изглед или карактерот, секогаш се бараат сличности, а родителите се горди на своето наследство. Но некои работи се наследуваат само од татковците. Во продолжение погледнете некои особини за кои експертите веруваат дека се наследуваат само од машкиот родител.rnrn11 необични карактеристики што децата ги наследуваат од татковцитеrn

1. Непредвидливо однесување

rnИдентификуван е одреден ген кој ја одредува способноста за преземање ризици кај една личност. Експертите тврдат дека ако машкиот родител е авантурист и сака предизвици, и детето го има истиот генетски фактор и ќе ја има истата желба за „живеење на работ“. Ако таткото е човек што презема ризици, големи се шансите дека и детето ќе ја има таа особина.rn

2. Пол

rnОва е научен факт според кој полот на детето зависи од тоа кој хромозом ќе се пренесе од таткото. Машкиот пар хромозоми е составен од X и Y, додека женскиот пар е составен од два X хромозома. Па, ако од таткото се пренесе хромозомот Х, ќе се роди девојче. Ако се пренеси хромозомот Y ќе се роди машко.rn

3. Отпечатоци на прсти

rnСе разбира, отпечатоците на прстите се уникатни кај секој човек. Секој од нас има различен дезен на прстите кој пак е поврзан и со нашите идентитети во базата на податоци. Иако не може да се наследи истиот дезен, постојат некои линии, односно природата на отпечатокот, која се наследува од таткото.rn

4. Нарушувања на менталното здравје

rnНаправени се бројни истражувања за да се открие причината за менталните болести. Но, менталното здравје сè уште претставува неистражен океан. Сепак, се покажало дека детето има 4 пати поголеми шанси да наследи ментална болест од ДНК-та на таткото отколку на мајката. Нарушувањата како шизофренија или биполарност може да се наследат од ДНК-та на таткото.rn

5. Дупчиња на образите

rnИако дупчињата на образите се еден вид аномалија на кожата, сепак се сметаат за убава карактеристика. Истражувања покажале дека овие дупчиња најверојатно се наследени од таткото.rn

6. Неплодност

rnПостојат неколку причини за појава на неплодност кај мажот. Најчеста е неплодноста кај таткото. Кога детето е зачнато со ниска концентрација на сперматозоиди, постојат поголеми шанси детето да страда од неплодност кога ќе порасне. Ако детето е зачнато преку ин витро оплодување поради низок број сперматозоиди, најверојатно и тоа ќе го има истиот проблем кога ќе биде возрасно.rn

7. Висина

rnСекој родител сака нивното дете да биде високо и здраво, а постојат неколку гени кои влијаат на висината. Иако има придонес и од гените на двата родитела кога станува збор за висината, обично ако таткото е висок и детето ќе биде високо. Односно, ако татко е низок, најверојатно и детето ќе биде ниско.rn

8. Боја на очи

rnОвде влијаат гените и од мајката и од таткото. Истражувањата покажале дека за бојата на очите одговорни се 6 различни генетски фактори од кои најдоминантни се сините и кафеавите.rn

9. Усни

rnФормата и изгледот на усните останува непроменета со генерации. Според податоците, доминантните гени кои го одредуваат изгледот на усните најчесто се од страната на таткото.rn

10. Проблеми со срцето

rnПостои генетски фактор кој ја зголемува веројатноста за болести на срцето за речиси 50% и доаѓа од ДНК-та на таткото.rn

11. Проблеми со забите

rnПокрај очигледните физички карактеристики кои ги наследуваме од родителите, забите и вилицата на детето се одредени од ген кој се наследува од таткото. Тоа значи дека детето ги наследува и проблемите со забите на таткото.rnrnПрочитајте и кои други лични особини ги наследувате од вашите родители.