rn
6. Слетувањето на месечината, 1969
rn
rn
Приближен број на гледачи: 500 милиони
rnНа 20-ти јули, 1969-та година, над половина милијарда луѓе ги гледале американските астронаути како слетуваат на месечината. Во тоа време слетувањето ја имало најголемата публика на телевизија во историјата. Гледачите од целиот свет сведочеле на познатата изјава на Нил Армстронг:rn
„Ова е мал чекор за човекот, но огромен за човештвото.“
rnКамерите поставени на површината на месечината од страна на тимот на Аполо 11 го пренесувале настанот во живо. Астронаутите ја напуштиле месечината со околу 20 килограми месечеви камења и почва. На површината поставиле знаме од САД изјавувајќи:rn
„Доаѓаме во мир за целото човештво.“
rn
7. Светското првенство ФИФА (Италија против Франција), 2006
rn
rn
Приближен број на гледачи: 715 милиони
rnНа 9-ти јули 2016-та година, на Олимпискиот стадион во Берлин се одржа Светското првенство ФИФА. Италија и Франција се соочија за да се одреди победникот на тоа Светско првенство. Натпреварот заврши со резултат 1-1, но Италија ја победи Франција со пенали. На стадионот имало 69.000 фанови, но настанот бил следен од над 715 милиони луѓе преку телевизија. Ова беше првата светска титула на Италија од 1982-ра година.rn
8. Алоха од Хаваи, 1973
rn
rn
Приближен број на гледачи: 1 милијарда
rnЕлвис Присли одржал огромен концерт на 14-ти јануари 1973-та година во Хонолулу. Наводно, сателитскиот пренос на настанот привлекол околу 1 милијарда гледачи од 40 држави ширум светот. Ова бил најскапиот настан во тоа време и чинел околу 2,3 милиони евра.rn
9. Спасувањето на рударите од Чиле, 2010
rn
rn
Приближен број на гледачи: 1 милијарда
rnВо август 2010-та година, 33 рудари беа заробени во рудник во областа Атакама во Чиле. Катастрофата била предизвикана од рушење на рампа. Планирањето на операцијата за спасување траела со месеци, а бил потребен речиси цел ден за да се спасат жртвите. Над милијарда луѓе следеа како напредува спасувањето.rnrnРударите беа под земја вкупно 60 денови, а повеќе од две недели немале речиси никаква комуникација со надворешниот свет. Во тој период мажите морале да се снаоѓаат со залиха на храна за два дена за итни случаи додека да можат да стапат во контакт.rn
10. Церемонијата за отворање на Олимписките игри во Пекинг, 2008
rn
rn
Приближен број на гледачи: 2 милијарди
rnНад две милијарди гледачи ја следеле церемонијата за отворање на Олимписките игри на 8-ми август 2008-ма година. Овој број е речиси четвртина од населението на Земјата. Програмата траеше над 4 часа и имаше околу 15.000 изведувачи од целиот свет. Настанот чинел околу 100 милиони евра.