Дали ги сакате моментите кога во топлината на вашиот дом, додека надвор паѓа снег, вие уживате во шолја топло чоколадо, потполно сами, со своето момче/девојка или пак пријател/ка? Ако сега, низ оваa наша мала приказна, барем за момент успеавте да ги замислите овие прекрасни зимски мигови, тогаш вистинско време е да продолжите со читањето на овој текст. Ви нудиме неколку нови, вкусни и слатки варијанти на топлото чоколадо кои задолжително мора да ги вкусите оваа зима.rnrn
rn
1. Цимет и топло чоколадо
rnПодгответе освежителна напивка за оваа зима така што ќе споите две слатки задоволства – цимет и топло чоколадо.rnrn
rn
2. Топло чоколадо со карамела
rnНаместо класично топло чоколадо со шлаг, испробајте нова варијанта така што преку шлагот ќе нанесете стопена карамела.rnrn
rn
3. Топло чоколадо со путер од кикиритки
rnСè што ви е потребно за да ја подготвите оваа вкусна напивка е блендер, многу топло чоколадо и путер од кикиритки според дозата која најмногу ви одговара.rnrn
rn
4. Мексиканско топло чоколадо
rnДоколку топлото чоколадо не ви е доволно топло, додајте малку чили и ќе добиете вистинско мексиканско топло чоколадо.rnrn
rn
5. Чизкејк топло чоколадо
rnЧизкејк топлато чоколадо е најдобар доказ дека белото чоколадо не мора да биде досаден избор за топло чоколадо, т.е. дека може да биде вкусно, особено ако има вкус на чизкејк.rnrn
rn
6. Топло чоколадо со вкус на црвено вино
rnНикогаш не сте слушнале за оваа комбинација? Верувајте ни на зборот, ова и тоа како може да биде вкусно, а со тоа претставува одлична замена за вашата омилена напивка од детството.rnrn
rn
7. Топло чоколадо со вкус на мента
rnИзмешајте чоколадни бонбони со топло млеко, направете од нив топло чоколадо, а потоа додадете малку нане. Верувајте ни, уживањето ќе биде целосно!rnrn
