rn
6. Кит Харингтон и Роуз Лесли
rnЅвездите од серијата „Игра на тронови“ се вљубија и оваа година стапија во брак. Парот се запознал во 2012-та година на снимањето на серијата, а се венчаа на приватен имот во Шкотска.rn
7. Џастин Бибер и Хејли Болдвин
rnКанадскиот пејач Џастин Бибер и моделот Хејли Болдвин тајно се венчаа, брзо по нивната свршувачка. Долго не ја потврдија венчавката, а на фановите им стана јасно кога Хејли го додаде и презимето на Џастин на нејзиниот Инстаграм профил.rn
8. Гвинет Палтроу и Бред Фалчук
rnПознатата актерка и продуцентот се венчаа со интимна церемонија на нивниот имот. Прославиле во присуство на многу познати личности, но фотографирањето било строго забрането. За венчавката се дозна наредниот ден, а актерката ги објави ексклузивните фотографии во нејзиниот весник.rn
9. Би Шефер и Франческо Кароцини
rnЌерката на Ана Винтур и синот на Франка Соцани со нивниот брак споија две модни семејства. Парот имал две свадбени церемонии – една во Њујорк каде што било забрането фотографирање, и една во Италија каде што не успеаја да ги избегнат папараците.rn
10. Кјара Ферањи и Федез
rnОваа италијанска венчавка може да се спореди со кралска. Највлијателната модна блогерка на светот се омажи со раперот Федез со кого има и син. Пред сè, венчавката била навистина гламурозна, а Кјара носеше венчаница од Диор дизајнирана само за неа. Исто така Кјара се наоѓа на листата на Форбс за највлијателни жени помлади од 30 години. Нејзиниот моден бизнис годишно ѝ носи заработка од 8 милиони евра. Се вели дека кога станува збор за модата, таа е повлијателна и од Вог.

