На Интернет можете да најдете листа со 100-те најатрактивни мажи за 2018-та година. Листата е навистина објективна – кандидатите се предложени од корисниците на социјалните мрежи, а не од посебно жири. Секој предлагал кандидат, а потоа гласал. Во продолжение погледнете кои мажи се нашле помеѓу првите 10.rn
1. Мајкл Б. Џордан (актер)
rn
rnrnМајкл се прослави со неговата улога во филмот „Крид“ (Creed). За улогата на боксерот, тој цела година тренирал секојдневно и следел строг режим на исхрана. Парите што ги заработил ги потрошил на голема куќа во која живее со неговите родители.rn
2. Чагатај Улусој (модел и актер)
rn
rnrnРодителите на овој актер потекнуваат од Бугарија и Босна. Ова го објаснува неговиот необичен изглед. На училиште професионално играл кошарка, но неговите пријатели му предложиле да почне да посетува часови по глума. Денес тој е еден од најпопуларните актери во Турција.rn
3. Хенри Кавил (актер)
rn
rnrnХенри се смета за еден од најнесреќните актери во Холивуд бидејќи неговите улоги секогаш му биле доделувани на некој друг. Но кога тој ја доби улогата на Бетмен, неговата репутација се промени преку ноќ. Покрај тоа што е одличен актер, Хенри е активист за правата на животните и зборува 4 јазици.rn
4. Вилијам Леви (актер)
rn
rnrnВилијам неколкупати се нашол на вакви листи, а овој пат тој е меѓу првите 10. Овој имигрант од Колумбија се прославил со помош на бејзболот. На почетокот добил стипендија и успеал да заштеди доволно пари за часови по глума. Се прослави откако беше дел од „Танц со ѕвездите“ (Dancing With the Stars).rn
5. Тони Махвуд
rn
rnrnТони е Германец со потекло од Сирија. Тој не е интересен само поради неговиот изглед – започнал како талентиран фотограф и артист кој ги објавувал неговите дела на социјалните мрежи и привлекол многу внимание. Денес со Тони соработуваат многу светски брендови, а неговиот Инстаграм профил има над 3,5 милиони следбеници.rn
6. Марлон Тексеира (модел)
rn
rnrnБразилскиот модел самиот се нарекува мрзливо момче кое најмногу го сака сурфањето. Кога имал само 16 години, баба му го запознала со пријател кој имал модна агенција, па тинејџерот бил одбран за една модна ревија. 10 години подоцна, во 2008-ма, тој за прв пат се појави на модно шоу во Париз.rn
7. Макси Иглесијас (актер)
rn
rnrnПред да стане познат актер, Макси бил диџеј и добивал мали улоги во филмови. Стана навистина познат откако добил улога во филмот „Физика или хемија“ (Fisica o Quimica). Тој изјавил дека животна желба му е да се појави во филм со неговиот идол Хавиер Бардем.rn
8. Џејми Дорнан (актер)
rn
rnrnЏејми им е познат на сите по неговата улога во „Педесет нијанси сиво“ (Fifty Shades of Grey). Навистина му се допаднала брадата од улогата, па решил да ја задржи и во приватниот живот.rn
9. Зејн Малик (пејач)
rn
rnrnЗејн е момче чии родители потекнуваат од Пакистан и како мал сакал бит-бокс и рап. На 17 години, мајка му го пријавила на аудиција за Икс-фактор и ова била пресвртна точка за неговата музичка кариера. Прво беше дел од бендот One Direction, а сега изведува ако соло артист.rn
10. Ким Техјунг (пејач)
rn
rnrnПрвото место му припаѓа на пејачот од Јужна Кореја со ангелско лице. Тој сака да се шегува на сцената и никогаш не ги крие неговите емоции. Можеби токму поради ова има толку многу фанови ширум светот.rnrnПа, дали се согласувате со изборот на мнозинството, или би додале уште некој на листата?rnrnПогледнете и кои се најгламурозните венчавки што ја обележаа 2018-та година.
