КАФЕ ПАУЗА

10 талентирани актери кои станале славни после 40-тата година

Успехот не доаѓа преку ноќ. Трпението, храброста и упорноста се клучните фактори на патот кон успехот. Додека некои се двоумат дали да го направат првиот чекор, другите се стекнуваат со светска слава на возраст која не е вообичаена за холивудските стандарди.rnrnПогледнете ја листата од актери кои ја започнале кариерата во нивните 40-ти години.rn

1. Морган Фриман (50 години)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnМорган Фриман навистина требало да се потруди пред да се здобие со светска слава и признание. Тој дебитирал на филмското платно на 34 години, а потоа исчезнал од екраните на подолго време, но станал популарен кога ја добил првата номинација за Оскар за филмот „Возејќи ја госпоѓа Дејзи“ на возраст од 50 години.rn

2. Томи Ли Џонс (47 години)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnИ покрај неговиот вроден талент за спортови, а конкретно за американски фудбал, Томи Ли Џонс го посветил неговиот живот на театарот и филмот. Но, на возраст од 47 години, тој добил вистинско признание и бил награден со Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Бегалецот“.rn

3. Мелиса Ен МекКарти (41 година)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnМекКарти доживеала најголем успех и слава со филмот „Деверици“ во 2011 година. Таа беше номинирана за многубројни награди, вклучувајќи ја и номинацијата за Оскар за најдобра споредна женска улога и на светот му покажа дека животот не завршува во 40-тите години.rn

4. Семјуел Л. Џексон (44 години)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnСемјуел Л. Џексон играл во повеќе од 100 филмови до својата 40-та година. Но, дури подоцна тој конечно бил забележан и добил голем број признанија за улогата во „Евтини Приказни“ на Квентин Тарантино. За овој филм, Џексон добил номинација за Оскар за најдобра споредна машка улога.rn

5. Лесли Нилсен (54 години)

rn(3)-10-talentirani-akteri-koi-stanale-slavni-posle-40-ta-godina-kafepauza.mkrnrnНилсен се стекнал со светска слава на возраст од 54 години, откако прифатил улога во комедијата „Има ли пилот во авионот?“ Овој филм беше пресвртница во неговата кариера како актер и му овозможил голема репутација како комичар.rn

6. Кејти Бејтс (42 години)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnКејти Бејтс се разминувала со својата слава како бродови во океан. Таа се појавила во неколку мали улоги во филмови кои добија високи признанија. Но, конечно прославила кога го освоила Оскарот за најдобра актерка на 42 години, играјќи ја главната улога во „Мизерија“.rn

7. Пјер Ричард (42 години)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnИ покрај бројните дружби со значајни и славни луѓе, напорите на Пјер Ричард да се стекне со слава биле залудни подолго време. Конечно, тој стекнал светска слава со улогите на несмасен мал човек во многу комедии, на возраст од 42 години.rn

8. Стив Карел (43 години)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnСтив Карел работел многу чудни работи. Настапувал со ансамбли, работел како соработник на телевизиско шоу и правел уште многу други нешта. Неговиот талент за комедија бил откриен откако ја добил главната улога во филмот „40-годишна девица“ кога имал 43 години.rn

9. Ким Катрал (41 година)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnКим Катрал е најпозната по својата улога во светски познатиот серијал „Сексот и градот“, која ѝ донесе бројни признанија и награди. Само малкумина се свесни дека таа долги години неуспешно учествувала на аудиции и различни кастинзи.rn

10. Жан Рено (46 години)

rn10 талентирани актери кои станале славни после 40-та годинаrnrnИако му беа потребни многу години за да стане славен во филмската индустрија, Жан Рено никогаш не се откажувал и одел само напред. Средбата со Лук Бесон на возраст од 46 години го променила неговиот живот. Двајцата добија меѓународно признание за филмот „Метро“.