Ако и вие сте емпат, тогаш големи се шансите да се пронајдете во секоја од следните точки. Не само што ќе знаете точно за кои чувства зборуваме, туку и подетално ќе разберете зошто се однесувате на одреден начин во дадени ситуации. Продолжете со читање…rnrn
rn
1. Неверојатна потреба да излезете од просторија
rnВи се случило ли некогаш да бидете на забава или да разговарате со некого и одеднаш да добиете неиздржлива потреба да се затрчате кон вратата и да избегате што подалеку од таму? Ова непријатно чувство може да е предизвикано од вашата способност да ги впиете туѓите физички, емоционални или спиритуални болки.rn
2. Знаете кога нештата неизбежно водат кон трагедија
rnВие ги чувствувате вибрациите емитувани од луѓето уште пред да почнат нештата да се развиваат. Едноставно чувствувате во коските дека ќе настане некоја лоша ситуација, без разлика дали станува збор за обична расправија или некоја поголема трагедија.rn
3. Чувствувате како да сте дел од омилените ТВ серии
rnКога гледаат филмови или серии, емпатите можат толку многу да се соживеат со главните карактери, што почнува да им изгледа како нивните искуства да им се случуваат и ним. Понекогаш дури им треба и време да се вратат во реалноста, откако ќе завршат со гледање серии, особено ако направиле подолг маратон.rn
4. Физички ја чувствувате тежината на светот
rnИзгледа како вие да можете да ја почувствувате таканаречената колективна болка и сите маки што ги доживува целата планета. Затоа и понекогаш ви делува како да го носите целиот свет на сопствените рамена.rn
5. Можете да го видите вистинскиот потенцијал на луѓето
rnОва е уште една супермоќ на емпатите. Тие можат да ги видат дури и најскриените делови од одредена личност и да знаат точно за што е таа способна. Но, тоа не е сè. Покрај тоа што ги гледате овие потенцијали, вие исто така знаете и точно како да ги извлечете на површина и да им помогнете на луѓето подобро да се спознаат.rn
6. Се чувствувате како детектор за лаги во движење
rnАко некој пробува да ве излаже, вие во истиот момент го знаете тоа. Можеби понекогаш ова ви делува и како проблем, но ако научите како правилно да го користите, може да ви помогне во многу непредвидливи ситуации во животот.rn
7. Чувствувате потреба да ги потиснувате емоциите
rnПостојат големи шанси дека уште од мали нозе сте научиле како да не го кажувате тоа што го чувствувате со цел да избегнете да им правите на другите да им биде непријатно. Со оглед на тоа што точно знаете што се случува со емоциите на другите, вие дури и несвесно се обидувате постојано да им биде удобно кога се во ваша близина, на своја штета.rnrnНе сте сигурни дали сте емпати? Погледнете ги овие 10 знаци дека имате натпросечна емпатија.