КАФЕ ПАУЗА

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

10 секојдневни нешта што некогаш биле забранети

Некои работи што денес ни се секојдневие, некогаш биле илегални. И покрај тоа што овие нешта навистина се безопасни, сепак биле забранети. Многу често оние кои биле одговорни за забраните имале и други мотиви наместо оние коишто ги наведувале. Погледнете за кои нешта станува збор.rn

1. Фудбал

rn10 секојдневни нешта што некогаш биле забранетиrnrnФудбалот имал турбулентна историја во Англија и Шкотска каде што бил забранет неколку пати. Првата забрана била ставена на 13-ти април 1314-та година од страна на Едвард II од Англија. Тој сметал дека фудбалот предизвикувал многу врева и можел да има несакани последици. Тој го забранил фудбалот само во Лондон. Втората забрана била во 1331-ва година поставена од страна на Едвард III. Тој ги забранил сите спортови во 1363-та и наредил дека сите треба да спортуваат само стрелаштво. Кралевите Ричард II, Хенри IV и Хенри V исто така го забраниле фудбалот за време на нивното владеење.rnrnНајверојатно кралевите ја забранувале играта бидејќи не ја играле аристократите, па нормално е да биле љубоморни.rn

2. Божиќ

rn10 секојдневни нешта што некогаш биле забранетиrnrnВо 1659-та година пуританците го направиле невозможното – го забраниле Божиќ. Тие имале строга интерпретација на христијанството и сметале дека сите прослави, вклучувајќи го и Божиќ, се грев. Самиот празник го сметале за пагански. Првата забрана била поставена во 1644-та година во Англија кога пуританците го сочинувале мнозинството во англискиот парламент. Биле забранети и елките, декорациите и божиќните оброци.rnrnЗа да се осигурат дека никој нема да прославува Божиќ, тој бил работен ден, а гласниците ги потсетувале сите дека празникот нема да се слави. Забраната траела до 1660-та година.rn

3. Шах

rn10 секојдневни нешта што некогаш биле забранетиrnrnШахот бил забрануван во разни периоди од историјата во Персија, Египет, Јапонија и Франција. Забранет бил и во модерен Авганистан, а моментално е забранет во Саудиска Арабија. Прво бил забранет во Персија во 644-та година бидејќи се сметало дека води кон коцкање. Неколку децении подоцна шахот бил забранет и во Јапонија. Во 1005-та година би забранет во Египет, а во Франција бил забранет во 1254-та година.rnrnЗабраната во Саудиска Арабија стапила на сила во 2016-та година бидејќи шахот бил само трошење време. Јасно е дека сите забрани се поради необични причини, најверојатно поради религија. Веројатно луѓето претпоставувале дека моќно битие ја контролира нивната среќа за победување, но во стратегиска игра како шахот, победата зависи само од нивните потези.rn

4. Пуканки

rn10 секојдневни нешта што некогаш биле забранетиrnrnПуканките биле забранети во кината во ерата на немите филмови. Во тој период киното било забава само за богатите кои можеле да читаат. Кината биле уредени со скап мебел, а подовите биле покриени со скапи теписи, па сопствениците не сакале остатоци од пуканки во нивните кина.rnrnОва се променило за време на Големата депресија кога се појавиле првите филмови со звук. Луѓето повеќе немало потреба да бидат писмени за да уживаат во филмовите, па почнале да се отвораат кина за пониските класи. Тие оделе на филм со нивни пуканки кои биле евтини дури и во овој период. Кината сфатиле дека ова е одлична можност за заработка, па почнале самите да продаваат пуканки.rn

5. Куглање

rn10 секојдневни нешта што некогаш биле забранетиrnrnИ куглањето било забрането од старите англиски кралеви. Кралот Едвард II го забранил куглањето во 1366-та година, а Едвард IV го забранил повторно во 1477-ма година заедно со уште неколку спортови. Кралот Хенри VIII исто така го забранил куглањето, иако и самиот уживал во него. Можеби ова го спречило да го забрани спортот целосно, па тој им останал достапен само на повисоките класи.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn