КАФЕ ПАУЗА

Никогаш не треба да престанете да ја освојувате, дури ни кога целосно ќе ви се предаде

Никогаш не треба да престанете да ја освојувате дури ни кога целосно ќе ви се предаде

Чувствата кои се јавуваат кога ќе почнете да се гледате со некого се незаменливи. Пролетта е насекаде, романсата е на секој чекор, а иднината ветува милион прекрасни можности. Знаете зошто? Затоа што слаткото момче ве брка, а вие сè уште не сте му откриле дека навистина сте заинтересирани за него. Ова е прекрасен, но многу краток период.rnrnИ потоа започнувате љубовна врска. Работите не стануваат полоши, напротив, тие сè уште се подобри. Помеѓу вас се развива подлабока поврзаност која може да трае подолго од една обична минлива романса.rnrnНикогаш не треба да престанете да ја освојувате дури ни кога целосно ќе ви се предадеrnrnВо оваа фаза девојките ги обожаваат сите тие полноќни закуски со нивниот партнер, тајни пораки за време на работните состаноци и громогласното смеење на глупостите кои само вам ви се смешни.rnrnНо, немојте да се лажете! Тие сè уште сакаат и романтика. Во секоја врска се појавува период кога и двајцата партнери престануваат да се трудат. Додека создавањето романтична врска се однесува на двајцата, девојките може да не бидат многу мотивирани да се романтични доколку не се чувствуваат посакувани.rnrnА тоа е работа на момците. Тие имаат должност да направат нивната девојка да се чувствува како да е единствената на светот со која сакаат да го поминуваат времето.rnrnРомантиката воопшто не мора да биде тешка. Не се очекува од вас да го изнајмите замокот на Дизни за да направите вашата девојка да се чувствува сакано. Едноставно обрнете ѝ внимание и бидете романтични правејќи некои ситници кои воопшто нема да ви одземат време.rnrnНикогаш не треба да престанете да ја освојувате дури ни кога целосно ќе ви се предадеrnrnИзненадете ја со романтична вечера по напорниот работен ден. Појавете се неочекувано со цвеќе пред нејзината врата. Сослушајте ја кога ви се доверува. Пратете ѝ љубовно писмо. Оставете ѝ смешна порака за добро утро или за добра ноќ. Тоа ќе ви ја зацврсти врската, а верувајте дека таа ќе ви биде благодарна и ќе знае како да ви се оддолжи.