КАФЕ ПАУЗА

10 раси на кучиња кои се идеални за различен тип личности

10 раси на кучиња кои се идеални за различен тип личности

Вдомувањето или купувањето куче е голема одлука, а притоа треба се земе предвид дека различните раси на кучиња имаат и различни карактеристики. Затоа, изберете куче кое ви одговара на вашиот карактер, темперамент, слободно време и услови за чување.rnrn10 раси на кучиња кои се идеални за различен тип личностиrn

1. Пекинезер

rnМожеби изгледа слатко и мило, но ова куче е многу самоуверено. Пекинезерот сака да биде главен во куќата, па ќе се наметнува во секоја ситуација. Но, ќе почне да се однесува добро и самоуверено само откако ќе ја стекне вашата доверба. Затоа ова куче е совршен избор за лидерите, односно личностите со авторитет во својата околина.rn

2. Германски овчар

rnТешко дека ќе најдете куче кое е полојално од ова. Германските овчари исто така се интелигентни, заштитнички настроени и сакаат да му служат на својот стопан најдобро што можат. Совршено друштво се за луѓето кои имаат многу одговорности, па потребен им е некој со кој ќе ги поделат.rn

3. Џек расел териер

rnОвие кучиња се паметни, но своеглави. Агилни се и имаат многу енергија, па одлично се вклопуваат во семејства со мали деца.rn

4. Бигл

rnБигловите се разиграни и активни кучиња и постојано се во потрага по нова авантура. Ако не внимавате добро на нив и не им посветувате внимание, брзо ќе се соочите со проблеми. Одлични се за самците кои уживаат во друштвена интеракција.rn

5. Корги

rnСекогаш насмеаните лица на коргите откриваат дека оваа кучешка душа сака забава. Секогаш се подготвени за шетање и игра. Дури имаат проблем да се фокусираат само на една задача, па затоа мора постојано да ги држите на око. Ако не сте тип кој лесно покажува чувства, можеби би требало да размислите за друга раса.rn

6. Лабрадор ретривер

rnВажи за идеалното куче за семејства со деца бидејќи оваа раса е многу топла, приврзана и емпатична кон своите сопственици. Но, овие големи кучиња постојано сакаат да се во движење, без разлика дали ќе ги однесете на планина или на плажа или пак, само на прошетка во вашето маало. Затоа ова куче е совршен придружник на спортските типови личности.rn

7. Француски булдог

rnМожеби се со мал раст, но имаат голем карактер. Нека не ве лаже намуртеното лице на францускиот булдог, тој е пријателско куче, но со доза тврдоглавост. Добро се сложува со флексибилни личности кои не би се извадиле од такт кога ќе видат дека нивниот домашен миленик им ги изгризал омилените чевли или каучот.rn

8. Сибирка хаска

rnОва куче е идеално за луѓето кои сакаат да поминуваат време на отворено, особено на студени предели со ниски температури и многу снег. Иако се сметаат за добродушни и послушни кучиња, можат да бидат доминантни и да бараат многу внимание.rn

9. Чау чау

rnОвие кучиња се многу воздржани и послични на мачките одошто на другите раси кучиња. На моменти може да ви се чини дека главата им е во облаци, но тоа не е така. Интелигентни се, но се држат настрана, па не бараат многу внимание или галење.rn

10. Родезиски риџбек

rnОвие кучиња сакаат да истражуваат и не се плашат да си ги извалкаат шепите. Понекогаш се непослушни и може да ви избегаат од видик. Затоа, родезискиот риџбек е совршен избор за спортските типови, но и за оние кои не сакаат да играат според туѓите правила.