КАФЕ ПАУЗА

Рецепт за класично крем бруле: Десерт на кој не можете да му кажете „не“

Рецепт за класично крем бруле: Десерт на кој не можете да му кажете „не“

Крем бруле, односно запечен крем, е класичен француски десерт познат по карамелизираната крцкава кора под која се крие кремаста внатрешност. Секој што го пробал претпоставува дека тешко се прави, но всушност вистината е поинаква. Денес ви презентираме рецепт за класично крем бруле, кој се подготвува полесно отколку што мислите.rnrnРецепт за класично крем бруле: Десерт на кој не можете да му кажете „не“rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 500 мл слатка павлака
  • rn 011

  • 6 жолчки
  • rn 011

  • 1 стапче ванила
  • rn 011

  • 50 грама ситен шеќер
  • rn 011

  • 8 лажички ситен шеќер за одозгора
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnЗагрејте ја рерната на 140 степени Целзиусови.rnrnНаполнете длабока тава за печење со зовриена вода која треба да дојде до ¾ од висината на садовите за крем бруле штом ги наместите внатре за печење.rnrnВарете ја слатката павлака со стапчето ванила (претходно изгребете ја внатрешноста со нож и додајте ја и неа) додека не зоврие, а потоа тргнете го тенџерето од оган. Оставете го настрана 10 минути, додека кремот не се олади до степен да не е прежежок.rnrnВо меѓувреме изматете ги жолчките со шеќерот во голема чинија со рачна маталка додека шеќерот не се растопи. Процедете го топлиот крем низ цедалка, а потоа преливајте го преку јајцата, капка по капка (како кога би доставале масло при подготовка на мајонез), нежно додавајќи и постојано мешајќи со маталка.rnrnРаспоредете ја смесата во претходно наместените огноотпорни калапи во тавата со вода, притоа водејќи сметка таа да не надминува ¾ од нивната висина, инаку може да продре во кремот. Можете да користите огноотпорни садови 10 на 5 см за да добиете широк, а плиток десерт. Ако употребите подлабоки садови, печете подолго, постојано надгледувајќи ги, сѐ додека средината не се стврдне.rnrnПечете во средно загреана рерна 15 минути, а потоа засилете на 160 степени и печете уште 10 минути или додека не се нафати кора.rnrnИзвадете ги садовите од врелата вода и оставете ги да се оладат еден саат пред да ги напрскате со малку вода и да ги посипете со по 2 лажички шеќер секој.rnrnЕфектот бруле се постигнува или со запекување на висока температура или со летламба. Второто е подобро решение ако имате летламба бидејќи на тој начин ќе избегнете јајцата одново да се готват.rnrnОваа количина шеќер ќе овозможи формирање на стаклеста крцкава кора која треба да ја пробиете кога ќе дојде време да го пробате десертот.rnrnПробајте го и овој вкусен колач со кафе што не се пече.