Најновото истражување, спроведено за да се дознае кои жени се позадоволни од својот сексуален живот, послабите или пополничките, докажало дека жените со облини се посреќни во кревет.
Голем број истражувања покажале дека поради своите вишок килограми, на овој тип жени им е потешко да се опуштат и да бидат свои, но сепак ова истражување потврдува дека тие повеќе уживаат со својот партнер во кревет.
Истражувањето покажало дека дури 92% од анкетираните жени со облини, имаат редовен сексуален живот. Анкетите детално навлегувале во сексуалниот живот на дамите и биле потполно анонимни. Единствени јавни податоци биле тежината и висината.
Сепак ова не значи дека слабите девојки имаат катастрофален сексуален живот, бидејќи и од нив голем број, односно 75% се изјасниле дека имаат активен сексуален живот и дека уживаат во сексот со партнерот.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

