rn
6. Изобилува со пејзажи кои ќе ви го одземат здивот
rnМислите дека во Куба има само плажи и автентични автомобили? Размислете повторно. Со нејзините изненадувачки пејзажи од карстни ридови и бујни шуми, долината Вињалес е дефинитивно една од најубавите дестинации во Куба. Позната како земјата на тутунот, Куба е совршеното место каде што можете да го искусите пријателскиот однос и топлината на традиционалната рурална култура од прва рака.rnrn
rn
7. Куба е рај за љубителите на архитектурата
rnКолонијална, маварска, барокна и модернистичка, Куба може да се пофали со една од најеклектичната и најимпресивната историска архитектура во Новиот свет. Најубав е можеби градот Сјенфуегос, кој е дом на една од најимпресивните колекции од неокласичната архитектура на Карибите.rnrn
rn
8. 9-те светски наследства кои треба да ги истражите
rnКуба може да се пофали со дури девет светски наследства на УНЕСКО, а тоа е речиси колку сите останати наследства на Карибите искомбинирани заедно. Од идилични национални паркови со водопади и колонијални плантажи со кафе, до колонијалните тврдини во Хавана и Сантијаго, Куба си има навистина богата историја, којашто вреди да се истражи.rnrn
rn
9. Храната е прекрасна, а коктелите се уште подобри!
rnДали ќе вкусите бавно печено свинско месо со мохо или тазе уловена морска храна, кубанската кујна е вистинско откровение за сите гурмани. Кубанскиот рум исто така се смета за еден од најдобрите во светот, што не е изненадување, со оглед на фактот дека потекнува од земјата која ни ги подари Даикири, Мохито и Куба либре.rnrn
rn
10. Има музика насекаде!
rnБез разлика дали ќе се шетате по широкото шеталиште Малекон во Хавана или ќе се релаксирате на островските плажи, во Куба ќе слушате музика каде и да одите! Секојдневниот живот во Куба се движи во ритамот на сон, салса, тимба и регетон и тешко дека ќе најдете хотел или ресторан, кој не нуди жива музика.rnrn
rnrnРазгледајте ги и овие фотографии поради кои ќе посакате да отидете до Куба.
