КАФЕ ПАУЗА

10 причини поради кои ќе се вљубите во Куба

10 причини поради кои ќе се вљубите во Куба

Туристите што ја посетиле велат: „Има нешто посебно во Куба!“. Дали се тоа страсните салса ритми коишто се наслушнуваат од портите на старата Хавана или колоритните колонијални градови скриени помеѓу полињата со тутун и тропските плажи, Куба крие нешто посебно кое се врежува во вас. Може слободно да се каже и дека станува збор за љубов на прв поглед! Со цел да се обидеме да ви објасниме зашто Куба е толку примамлива, денес ќе ви издвоиме 10 најчести препораки од илјадници туристи коишто објасниле зашто Куба е една од најпопуларните дестинации на Карибите.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

1. Плажите се апсолутен рај

rnЕдноставно кажано, плажите во Куба се основата од којашто се создадени карипските соништа. Бескрајните пространства од бел, брашнест песок и кристално сините води кои се протегаат од Хавана до Сантијаго де Куба, како и отсуството на крајбрежни градби, придонесува овие плажи со палми сè уште да го имаат сочувано својот природен шмек.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

2. И на нив воопшто нема гужви

rnИ покрај тоа што Куба во моментов е сè попопуларна летна дестинација, таа сè уште не им конкурира на нејзините соседи Бахамите, но кај неа ќе најдете доволно песок за уживање дури и во туристичкото Варадеро, главното одморалиште на островот. Ако сакате да го доживеете искуството на Робинзон Крусо, не ги пропуштајте легендарните острови и нивните недопрени километарски бели песоци.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

3. Магичната атмосфера на Старата Хавана

rnИма еден збор со кој туристите секогаш ја опишуваат Хавана – магична. Со нејзините колоритни историски градби и класични автомобили, кога ќе стапнете во Хавана, ќе се почувствувате како да сте се вратиле назад во времето. Доколку на тоа ги додадете и секојдневните улични забави, како и живата музичка култура, ќе дојдете до заклучок дека се наоѓате во еден од највозбудливите и најромантичните градови на Карибите.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

4. Два збора: класични автомобили

rnКуба е рај за љубителите на автомобили. Никаде на планетава Земја нема толку блескава колекција од класични американски возила, а улиците на Хавана и Сантијаго де Куба се своевидни музеи составени од вакви автомобилски антиквитети.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во Кубаrn

5. Преполна е со волшебни колонијални градови

rnДодека обично Хавана го привлекува целото внимание, многу туристи претпочитаат да ги посетат градовите Тринидад и Камагвеј коишто се заштитени од УНЕСКО како најшармантни дестинации во Куба. Нивните автентични камени улици и колоритната архитектура, кои датираат од 16-от век, се сметаат за најсочуваните колонијални градови на американскиот континент.rnrn10 причини поради кои ќе се вљубите во КубаrnrnПродолжува на следната страница…rn