Речете дека се работи за карма, за некоја виша сила или за коинциденција, мора да признаете дека понекогаш иронијата знае да биде слатка, но и многу горка. Еве 3 вистински и неверојатно иронични приказни.rnrn
1. Глувци започнале пожар во кој погинале 100 мачки
rnВо засолниште за животни во Торонто, Канада, избил пожар во кој погинале 100 мачки, 3 кучиња и неколку стаорци. Во извештајот од истрагата пишувало дека пожарот го предизвикале глувци, кои ги џвакале каблите за струја.rnrnПри пожарот преживеале само 9 кучиња, 2 мачки и еден стаорец.rnrn
rnrn
2. На уметник му рекле да го наслика директорот кој го избркал од училиште
rnДејвид Ингам на 12 години бил избркан од училиштето Ермистед од страна на директорот Марселус Форстер. Притоа му кажал дека нема да постигне ништо во животот.rnrnНо… 55 години подоцна, му стигнала нарачка да наслика портрет од истиот директор. На 67-годишна возраст, Дејвид, кој станал професор по уметност, сепак го нацртал портретот за кој му бил потребен 1 месец работа.rnrn
rnrn
3. Човек се удавил на забава преполна со спасувачи
rnНа крајот на јули, 1985 година, на градскиот базен во Њу Орелеанс била организирана забава која воедно била и прослава по повод ниедна жртва од давење за таа сезона. На забавата имало околу 200 луѓе, од кои 100-тина биле сертифицирани спасувачи.rnrnКога забавата завршила, спасувачите почнале да го чистат базенот кога на дното го пронашле 31-годишниот Џер Муди, целосно облечен. Се обиделе да го оживеат, но за жал било предоцна.rnrn
rnrnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn