rn
6. Ракуните поминале древен тест за интелигенција
rnНекаде во 6-тиот век п.н.е. грчкиот раскажувач на приказни, Езоп, напишал или собрал неколку басни кои сега се познати како „Басните на Езоп“. Во нив е и приказната наречена „Гавранот и стомната“ во која жедниот гавран успева да се напие вода од една стомна фрлајќи парички во неа. Со ова го покачувал нивото на водата додека не ја достигнал. Неколку илјадници години подоцна, научниците сфатиле дека оваа приказна е одлична за тестирање на животинската интелигенција.
Гавраните навистина успеале да го поминат овој тест, исто како и враните, а оваа година тестот го поминале и ракуните. На 8 ракуни им бил даден цилиндар со вода и храна која лебди, но била премногу далеку за да ја стигнат. 2 ракуни пуштале парички во цилиндарот за да ја стигнат храната.rn
7. Физичарите го создале првиот тополошки ласер
rnФизичарите од Универзитетот во Калифорнија тврдат дека создале нов вид „тополошки“ласер кој може да ја зазема секоја форма и да се движи без да ја расфрла светлината. Оваа направи работи на концептот на тополошки изолатори, материјали кои се изолатори во внатрешноста, но проводници на површината. Обично ласерската празнина зголемена од светлина има форма како прстен. Ова е поефикасно од формите со агли, но сепак остава неискористен простор помеѓу прстените.
Истражувачите ја надминале оваа пречка создавајќи тополошка празнина користејќи фотонски кристал како огледало. Тие употребиле 2 вакви кристали со различна топологија. Штом кристалите биле поставени, системот се вклучувал со зголемување на магнетно поле. Ова ја менува насоката на емисија на светлината, па може да се води нејзиниот тек. Ако ја гледаме големата слика, ова е чекор напред кон оптичките компјутери.rn
8. Научниците се возбудени за екситониоумот
rnФизичарите од целиот свет се навистина возбудени за откривањето нова форма на материја наречена екситониум. Таа е создадена од честички наречени екситони кои се состојбата на избеган електрон и празнината којашто ја оставил зад себе. Теоретскиот физичар Хер Халперин бил првиот кој го претпоставил постоењето на овие честички во 1960-тите, а оттогаш научниците се обидуваат да го потврдат (или побијат) неговото тврдење.
Главниот научник на истражувањето го поврзал откритието со она на Хигсовиот бозон. Ова откритие нема веднаш да има некоја реална примена, но покажува дека нашето досегашно разбирање на квантната механика е на вистинскиот пат.rn
9. Наномашини кои го убиваат ракот
rnИстражувачите од Универзитетот Дурам тврдат дека направиле наномашини кои ги убиваат клетките на рак за само 60 секунди. На успешниот тест на Универзитетот, на машините им биле потребни од 1 до 3 минути да ја пробијат мембраната на клетките на ракот на простата и да го уништат.
Наномашините се 50.000 пати помали од човечкото влакно. Тие се активираат со светлина и се вртат 1 до 3 милиони пати во секунда. Досега наномашините се употребувани само на единствени клетки, но успешниот тест ги мотивира научниците да пробаат и со микроорганизми и мали риби.rn
10. Астериод кој можеби е вознемско летало
rnПоминаа само неколку месеци откако астронаутите изјавија дека го откриле првиот меѓуѕвезден посетител, астероидот наречен Оумуамуа. Оттогаш тие забележале многу чудни работи за овој објект, чудни дури и за нешто што не потекнува од нашиот Сончев систем. Ова дури ги натерало да помислат дека астероидот можеби е вознемско летало. Првото чудно нешто е формата како цигара која не е видена на ниту еден друг астероид. Покрај тоа, некои експерти сметаат дека брзината со која се движи би го распаднало доколку станува збор за астероид.
Изгледа како објектот да е дизајниран за меѓуѕвездено патување. Па ако е вештачко, што би можело да биде? Некои мислат дека е сонда, а други сметаат дека е вонземски вселенски брод чии мотори откажале. Како и да е, програмите како SETI и Breakthrough Listen сметаат дека е потребно дополнително истражување, а нивните телескопи се насочени кон астероидот. Иако можеби сепак не станува збор за вселенско летало, потребни се уште многу истражување за да се открие што всушност е овој објект.
Погледнете уште неколку неверојатни откритија од оваа година.

