rn
6. Човекот тенк
rn
rnrnОваа фотографија е направена во Пекинг за време на протестите во 1989 година. На плоштадот Тиананмен, непознат човек ја задржал линијата тенкови половина час, блокирајќи го патот со неговото тело. Иако фотографијата стигнала до насловната страна на многу познати весници, сѐ уште е непознато кој е човекот и што се случило со него.rn
7. Мобилен телефон во филм на Чарли Чаплин
rn
rnrnВо 2010 година било објавено ДВД од филмот на Чарли Чаплин „Циркус“ (The Circus) од 1928 година, кое содржело бонус снимки од снимањето. Во една од тие сцени се појавува жена која држи нешто што многу наликува на мобилен телефон. Режисерот Џорџ Кларк тврди дека овие снимки се доказ за патување низ времето. Сепак, многу скептици се сигурни дека оваа снимка е само маркетиншки трик.rn
8. Астронаутот од Солвеј Фирт
rn
rnrnВо 1964 година, Џим Темплтон ја фотографирал неговата 5-годишна ќерка. Иако Темплтонови тврдат дека немало никој таму освен нив, кога ја развиле фотографијата на неа се појавила фигура, веднаш зад главата на девојчето. Анализата на фотографијата покажала дека таа не била подложена на никакви промени.rn
9. Ескадрилата на сер Годард
rn
rnrnФото албумот на ескадрилата на сер Годард која се борела во Првата светска војна, содржи една чудна фотографија. Откако ја развиле фотографијата, целиот тим го препознал нивниот пријател Фреди Џексон во позадина. Фреди Џексон загинал два дена пред да настане фотографијата, а ексадрилата се фотографирала на денот на неговиот погреб.rn
10. Пирамиди на Месечината
rn
rnrnОваа фотографија е направена за време на мисијата Аполо-17, и во архивите била забележана како премногу осветлена. Но, откако експертите поработиле на нејзиниот контраст, тие забележале нешто што многу наликувало на пирамида. Ова им дава причина на многу луѓе да веруваат дека има пирамиди на другата страна на Месечината.rnrnМожеби ќе ве интересираат и најголемите нерешени мистерии во светот!
