Секојдневно се појавуваат милиони навидум мистериозни случувања за кои многу брзо се открива што точно стои зад нив. Но, постојат неколку добро познати нерешени мистерии кои и по многу години, сепак сè уште ги мачат и најголемите умови на светот. Никој не може со сигурност да тврди како точно биле градени пирамидите, зошто биле цртани линиите во Наска или пак, дали Неси навистина живее во езерото Лох Нес. Сè додека не се појават цврсти докази и факти за нивното (не)постоење, останува на вас да одлучите во која теорија ќе верувате.rnrn
Бигфут (Големото стапало)
rnБигфут е најпознат по плашењето на планинарите и ловците во Северна Америка. Оние кои тврдат дека го виделе го опишуваат како суштество со висина од 2,3 метри кое многу наликува на мајмун, но оди исправено како човек. Научниците не веруваат дека нешто олку големо би можело да остане толку долго скриено, но сепак не можат со сигурност да тврдат во спротивното.rnrn
Чудовиштето од Лох Нес
rnДобро познатата Неси е мистерија која за прв пат се појавила во 1933 година. Таа наводно живее во езерото Лох Нес кое се наоѓа во Шкотска. Се верува дека Неси е праисториско суштество. Научниците сè уште не успеале да најдат цврсти докази за нејзиното постоење, но поголемиот дел од населението околу езерото, тврди дека барем еднаш ја виделе со свои очи.rnrn
Изгубениот град Атлантида
rnЗа изгубениот град Атлантида прв пат се дознало од Платон, кој пред 2.400 години тврдел дека е остров на кој живеело неверојатно напредно општество. Според легендата се верува дека целиот остров потонал после земјотрес и подоцна станал подводно кралство заштитено од сирените. Каде точно се наоѓал овој град и дали воопшто постоел е сè уште непознато.rnrn
Пирамидите во Египет
rnПирамидите во Египет се можеби најголемата загатка со која досега човекот се сретнал. Тие се стари околу 5.000 години. Најголемата пирамида е висока колку зграда од 40 спрата и покрива површина на која би можеле да се сместат 10 фудбалски игралишта. За нејзина изградба биле употребени повеќе од 2 милиони камени блокови, а секој од нив тежи од 2 до 5 тона. Научниците сметаат дека за ваков вид на градба во тоа време би биле потребни околу 400.000 работници и 20 години за да се заврши.rnrn
Храмот на Маите
rnМаите се цивилизација која ја следат многу мистерии кои можеби никогаш нема да можат да бидат откриени. Голем дел од нивната култура е изгубена со времето. Во последно време најактуелна мистерија е нивниот календар кој исплаши голем дел од археолозите. Дел од нив веруваат дека календарот го предвидува крајот на светот во 2012 година, додека пак останатите веруваат дека се работи за нецелосни записи и погрешно толкување на оние кои се пронајдени.rnrn
Империјата на Инките
rnМоќната Империја на Инките владеела во периодот помеѓу 1200 и 1535 година во Јужна Америка. Нивниот модерен град се наоѓал на врвот на стрмна и тешко пристапна планина, денес познат како Мачу Пикчу, во Перу. Овој град бил единствен во тоа време кој имал одводни системи и канали низ кои се протегале нивните жита. Создавањето на градот како и исчезнување на цела цивилизација е сè уште мистерија.rnrn
Линиите во Наска
rnОвие линии опфаќаат површина од околу 500 километри квадратни во јужната пустина на Перу. Мистериозните форми кои се исцртани на земјата се постари од 2.000 години. Некои научници сметаат дека народот од Наска цртал пораки за вонземјаните, додека пак друга теорија вели дека цртежите се сосема случајно произлезени од канали со кои се пренесувала вода.rnrn
Бермудскиот триаголник
rnБермудскиот триаголник се смета како одговорен за многу исчезнувања. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник проголтал повеќе од 140 брода и авиони со повеќе од 1.000 луѓе кои никогаш не биле пронајдени. Многу луѓе веруваат во натприродни објаснувања. Научниците немаат цврсти докази за мистериозните случувања во оваа област, но досега најмногу ветува теоријата за силното магнетно влијание која ги „збунува“ инструментите и создава необични временски појави.rnrn
Експлозијата во Тунгуска
rnЕксплозијата во Тунгуска, Русија настанала во периодот околу 7:14 на 30 Јуни 1908 година. До ден денес сè уште не се знае што била причината за експлозијата која срамнила со земја 80 милиони дрвја распространети на површина од 2.150 километри квадратни. Дел од локалното население верува дека станува збор за црна дупка или НЛО. Но, голем број научници веруваат дека експлозијата настанала како последица од метеор кој паднал и покрај тоа што немало никаков запис за него.rnrn
Стоунхенџ
rnКако точно биле донесени овие камени блокови и со која цел биле поставени токму на тоа место сè уште е мистерија која можеби никогаш нема да биде откриена. Се верува дека оваа градба датира од пред 5.000 години и до сега најлогично објаснување според научниците е дека била употребувана за разни видови церемонии.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

