КАФЕ ПАУЗА

10 мистериозни фотографии од минатото за кои сѐ уште имаме многу прашања

Овие фотографии се направени од луѓе со сосема обична опрема за фотографирање и со сигурност не биле преработувани. Но ова само го зголемува бројот на прашањата. Погледнете некои од најмистериозните фотографии кои некогаш биле направени.rn

1. Чудовиште на брегот на островот Хук

rn(1)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mkrnrnНа Интернет кружи мислењето дека оваа фотографија е направена со Фотошоп. Но, оригиналната фотографија настанала во 1965 година кога Фотошоп не ни постоел. Фотографот Роберт Ле Серек забележал чуден објект во близина на островот Хук во Австралија и веднаш го фотографирал. Ова „чудовиште“ сѐ уште е тема на разговор кај многу зоолози.rn

2. Светлина во долината Хесдален

rn(2)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mkrnrnОваа фотографија е направена од норвешки фотограф и не е единствена која е доказ за постоењето чудни светлечки објекти кои летаат над долината Хесдален. Спектралната анализа покажала дека овој објект е составен од силикон, железо и скандиум. Научниците сѐ уште не знаат за што станува збор.rn

3. Црниот Витез

rn(3)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mkrnrnНеидентификуваниот објект прв пат бил забележан од сателит во 1960 година, и специјалистите во НАСА веднаш го нарекле Црниот Витез. Оттогаш мистериозниот објект бил виден повеќепати: Тој се појавува и изчезнува од орбитата на Земјата. Научниците велат дека Витезот е од вештачко потекло.rn

4. Дамата Бабушка

rn(4)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mkrnrnНа 22 ноември 1963 година, во Далас, американскиот претседател Џон Кенеди беше застрелан. Тој ден, фотографите направиле многу фотографии од местото на злосторството, а некои од нив прикажуваат мистериозна жена која држи камера во едната рака. Специјалните служби многу време пробувале да ја пронајдат бидејќи имало веројатност дека го снимала убиството на претседателот. Како и да е, сите обиди да се идентификува биле неуспешни. Непознатата жена е наречена Дамата Бабушка поради начинот на кој го носела својот шал, како старите дами од Русија.rn

5. Човекот кој паѓа

rn(5)10-misteriozni-fotografii-za-koi-se-ushte-imame-mnogu-prasanja-kafepauza.mkrnrnОваа фотографија ја направил Ричард Дру на денот кога бил извршен терористичкиот напад на 11-ти септември. Фотографијата го обиколила светот за неколку часа. Многу луѓе ја забележале чудната позиција на телото на човекот: Тој паѓа речиси исправено што е многу тешко да се направи. Идентитетот на човекот никогаш не бил откриен, но многу Американци тврделе дека препознале нивни роднина на сликата.rnrnПродолжете на следната страница за повеќе мистериозни фотографии…rn