Во денешно време ретко кој не користи Фејсбук, бидејќи тој може да биде навистина корисен кога треба да се информирате за настаните што се случуваат, да се договорите со поголема група луѓе, да ги добиете потребните материјали за испит и да останете во контакт со луѓето од странство кои сте ги запознале на одмор. Сепак, малкумина знаат да го искористат целиот потенцијал на оваа социјална мрежа. Да погледнеме кои се помалку познатите опции со кои Марк Закерберг ја збогатил оваа негова револуционерна креација.rnrn
rn
1. Прочитајте ги скриените пораки
rnМалкумина знаат дека Фејсбук всушност има две сандачиња за пораки. Второто е наменето за пораките што стигнуваат од луѓе со кои не сте пријатели на Фејсбук. Ако до сега не сте знаеле за второто сандаче, најверојатно имате пропуштено некои покани за различни настани од поранешни колеги и соученици (или сте се поштедиле себеси од читање пораки од непознати луѓе кои го прогонуваат вашиот профил). За да ги прочитате овие пораки, кликнете на икончето „Пораки“ потоа на „Барања за пораки“ и стиснете на „See filtered requests“.rnrn
rn
2. Проверете од каде сте се логирале
rnАко се прашувате дали сте се одјавиле од компјутерот на вашиот пријател, можете да кликнете на малата стрелка за надолу во горниот десен агол од екранот. Одберете „Поставки“, стиснете „Безбедност“ од листата на лево и потоа одберете „Каде си најавен“. Сега можете да ги следите сите пребарувачи од каде што сте најавени. За да се одјавите од кој било од нив, одберете „Запри активност“.rnrn
rn
3. Бидете сигурни дека никој нема да може да ви „влезе“ на Фејсбук
rnАко се сомневате во безбедносниот систем на Фејсбук, можеби опцијата „Одобрување најава“ во делот „Безбедност“ ќе може да ви помогне. Благодарение на овој систем секогаш кога некој ќе проба да се најави на вашиот профил од непознат прелистувач, ќе мора да внесе соодветна лозинка. Ако сакате да се најавите од прелистувач што не сте го користеле претходно, ќе мора да ја употребите лозинката што ќе ви биде пратена преку порака на вашиот телефон.rnrn
rn
4. Одберете пријател кој ќе биде одговорен за вашиот профил
rnСте се запрашале ли што ќе се случи со вашиот профил на социјалната мрежа ако не сте во можност да го користите повеќе? Фејсбук нуди можност да одберете човек кој ќе биде одговорен за вашиот профил доколку ви се случи несреќа. Кликнете на „Доверливи контакти“ од делот „Безбедност“. Доверливите контакти нема да можат да објавуваат или да „четуваат“ во ваше име. Нивната работа е да ја менуваат вашата слика на профилот и да одговараат на понудите за пријателство.rnrn
rn
5. Како да се справите со носталгичноста?
rnПонекогаш сите сакаме да се потсетиме на некои стари смешни фотографии или стари разговори со нашите најдобри пријатели. За да го направите ова не треба да „скролате“ надолу, доволно е да кликнете на икончето со три точки на профилот на вашиот пријател и да стиснете „Види пријателство“.rnrn
rn
6. Сакате да се потсетите на вашите поранешни активност на Фејсбук
rnФејсбук има опција која овозможува да видите сè што некогаш ви се допаднало, како и сè што сте коментирале или објавувале. Само одете на вашиот профил и кликнете „Дневник на активности“.rnrn
rn
7. Сакате да бидете на местото на вашите пријатели
rnАко сакате да дознаете како луѓето кои не ви се пријатели го гледаат вашиот профил, кликнете на икончето со три точки на вашиот профил и одберете „Приказ за…“ Ова ќе ви даде одлична можност да го видите вашиот профил низ очите на луѓето кои не ги познавате.rnrn
rn
8. Сакате да комуницирате очи во очи
rnБлагодарение на Фејсбук не мора да комуницирате само преку текстуални пораки, туку можете да го сторите тоа и преку видео. За да воспоставите видео повик, кликнете на икончето за камера во горниот син дел од прозорчето на разговорот. Сега можете и да се гледате со вашите пријатели.rnrn
rn
9. Одберете ги објавите што сакате да ги видите
rnДвете опции „Види прво“ и „Блиски пријатели“ ви помагаат да бидете сигурни дека нема да ги пропуштите информациите кои ве интересираат. Опцијата „Види прво“ ги сместува објавите од луѓето што сте ги одбрале на прво место на вашата почетна страна, но не ви праќа известувања за новите објави како опцијата „Блиски пријатели“.rnrn
rn
10. Зачувајте објава за подоцна
rnФејсбук е преполн со информации и слободно може да го замени кој било весник. За оние што немаат многу слободно време, Фејсбук нуди опција која овозможува да зачувате интересни објави и линкови за да можете подоцна да ги прочитате. Кликнете на стрелката за надолу во горниот десен агол на објавата што ви се допаѓа и одберете „Зачувај ја објавата“ или „Зачувај ја врската“. Зачуваниот материјал може да го видите во делот „Зачувано“ кој се наоѓа на левата страна од вашата почетна страна.rnrn