Изнајмете го островот во форма на срце

Сподели

Сопственик на овој прекрасен остров во форма на срце е Сер Ричард Бренсон, газдата на „Virgin Group“. Островот се наоѓа на реката Носа во Австралија и е наречен „Makepeace“.rnДо него лесно се пристапува со бротче или со хеликоптер, а Бренсон го има купено во 2003 година со цел неговите вработени од Австралија да го употребуваат како еколошки центар за ритрит. Денеска секој може да помине неверојатен одмор на овој остров распослан на 25 ара, на кој истовремено луксузно можат да се сместат 22 гости. Цената на ноќевање за еден човек изнесува 8.000 американски долари, а за тие пари ќе добиете уживање во огромниот базен, вилата направена од бамбус, раскошната градина, тениските игралишта, барот, сауната и прекрасните плажи.Во вилата од бамбус има 3 огромни апартмани, а на островот има и уште 3 дополнителни помали вили. Градината и ентериерот насекаде низ островот изобилува со прекрасни скулптури, специјално дизајниран индонезиски мебел, џакузи од вулкански карпи и украсно осветлување.
rn

Реклама

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

Популарно

Може ќе ве интересира