Запознајте го бикот одблизу

Сподели

Општи карактеристики

rnБикот е фиксен знак и како резултат на тоа, неговите претставници во животот се водат според практичноста. Биковите се најчесто стабилни личности, кои секогаш се трудат да останат во допир со реалноста. И покрај нивната тенденција кон тврдоглаво однесување, овие луѓе знаат да бидат лојални, нежни и посветени љубовни партнери.

Реклама

Бикот е првиот од земјените знаци, па токму тој е и најприземен во однос на другите два. Овие луѓе го ценат сето она кое можат да го почувствуваат со нивните сетила. Поради тоа, тие обожаваат да јадат вкусна храна, да слушаат добра музика, да помирисуваат убави парфеми и на себе да облекуваат облека од скапи ткаенини. Венера, планетата на љубовта, која управува со бикот, му дава една сензуална и природна убавина.rn

Карактеристики на машките бикови

rnМашките претставници на овој хороскопски знак не се лишени од физичката убавина. Дури и да не е толку згоден, ќе има една груба убавина и неправилни црти кои одлично ќе се вклопуваат на неговото лице. Најчесто овие мажи имаат цврсти коски и се убаво градени. Исто така, својствено за машките бикови е да располагаат со внатрешен мир и стабилност. Тие се лојални и заштитнички настроени кон оние кои им значат во животот. Овие личности се премногу паметни за да си дозволат да се заљубат на прв поглед, како резултат на два-три романтични геста од некој од спротивниот пол. Тие немаат поетска душа, но во себе носат голем романтичен потенцијал, кој треба да знаете како да му го разбудите.

rn

Карактеристики на женските бикови

rnЖенските претставнички на знакот бик, се предводени од нивната внатрешна сила. Тие се способни и трудољубиви индивидуалисти, на кои им се случува брзо да го изгубат трпението, па поради тоа се маркирани како избувливи жени. Тие се стабилни, лекомислени љубовни партнерки, кои обично ја преземаат споредната улога во врската, а главната му ја препуштаат на нивниот партнер.

rn

Ја обожава музиката и сака да танцува

rnЛуѓето со хороскопски знак бик најчесто имаат одлични вокални способности или одличен слух. Тие имаат голема наклонетост кон музиката, така што не е невообичаено да видите некој бик да ужива во слушање и создавање музика. Овој знак исто така, многу сака да танцува, но повеќето бикови се срамежливи за да отидат да поиграат на подиумот. Покрај музиката, бикот може да го интересираат и други видови уметност, благодарение на неговата артистичка природа и љубов кон естетиката.

rn

Тврдоглавоста на бикот

rnБикот знае да биде многу своеглав и инаетлив. Може да поминат месеци, па дури и години додека тој го промени мислењето по некое прашање, кое еднаш го оформил. Промените не се лесна работа за луѓето со овој хороскопски знак. Поточно кажано, тие ги презираат промените во животот од каков било вид.

rn

Пронаоѓа задоволство во материјалниот свет

rnБидејќи бикот  чувствува со сите свои сетила, не е невообичаено за припадниците на овој знак да инвестираат во разни модни додатоци и други статусни симболи, како на пример скап пар очила за сонце.

rn

Бикот во љубовните врски

rnПриродната убавина на бикот вистински блеска кога тој е заљубен. Тој е многу искрен, лојален и предан партнер, кој обожава да се гушка и да се бакнува со својот љубен/а. Бикот сака да разменува допири и чувства со својот партнер, па што повеќе е присутен физичкиот контакт во неговата врска, толку подобро за неа. Претставниците на овој знак се фокусирани на нивната љубовна врска и тие воопшто не се плашат да се „врзат“. Всушност, тие најбезбедно се чувствуваат во длабока и сериозна врска.

Кога еднаш ќе се зближат со нивниот партнер, на биковите им е многу тешко да се разделат од него. Раскинувањата можат буквално да го растројат бикот. Ним им е многу тешко да иницираат прекин на врската. Тие се стабилни индивидуи и токму таа нивна потреба за стабилност го попречува нивниот капацитет за критичко размислување. Биковите може да имаат тешкотија да ги изолираат негативните особини на нивниот љубовен партнер и да забележат дека нивната врска едноставно не функционира.

rn

Голем естетичар

rnПрофилот на биковите не би бил комплетен доколку не се спомне нивната привлечност кон убави работи. И машките и женските претставници на овој знак ги привлекуваат убави луѓе и убави опкружувања. Физичката привлечност игра голема улога кај овој знак, пред да стапат во љубовна врска со некоја личност.rn

Секогаш ја завршува започната работа

rnИ покрај тоа што има разлика во карактерните особини од еден до друг бик, една е дефинитивно заедничка за сите – тие знаат како да ја завршат започнатата работа. Овие луѓе не се многу брзи додека работат, но тие со сигурност ќе ја завршат квалитетно, внимателно, целосно и темелно секоја задача која стои пред нив.

Популарно

Може ќе ве интересира