Еден ден, многу богата, добро ситуирана мајка ја однела својата ќерка на село со единствена цел, да ѝ покаже како живеат сиромашните луѓе.rnrn
rnrnТие поминале неколку ноќи и денови на фарма која им припаѓала на луѓе со мали месечни примања – односно семејство што живее едноставен живот.rnrnДеновите таму биле исполнети со интересни активности како полнење вода за пиење од бунар, долги прошетки и уживање во природата, пливање во потокот, средување на градината, задолженија околу фармата, животните и секако многу смеа, забава и љубов.rnrn
rnrnОткако се вратиле во големиот град и луксузниот стан во високиот облакодер, мајката ја прашала ќерката што мисли за времето поминато на фармата.rnrn„Прекрасно беше мамо“ – одговорила ќерката.rnrn„Интересен ли ти беше начинот на живот таму?“ – прашала мајката.rnrn„Да“ – одговорила ќерката.rnrn„Што научи од времето поминато на фармата?“ – прашала мајката.rnrnЌерката одговорила: „Забележав дека ние имаме една мачка и едно куче, а тие имаат четири кучиња и три мачки. Ние имаме мермерен базен кој се протега до нашата градина во летната куќа, а тие имаат голем поток кој се извива низ шумата. Ние имаме модерни соларни светилки во нашата градина, а тие имаат шест милиони ѕвезди на небото. Од нашиот балкон се гледа валканиот град, додека тие гледаат кон прекрасните шуми.rnrn
rnrnНие немаме плодни поседи и никогаш не ја допираме земјата, освен во текот на летото кога одиме во викендичката, а тие садат растенија и се во контакт со земјата скоро секој ден.rnrnНие купуваме храна од супермаркет, а тие самите си ја произведуваат својата храна. Ние имаме компјутерски кодови и лозинки да нѐ заштитат од злото; тие ги имаат животните, семејството и соседите.“rnrnМајката oстанала по малку изненадена.rnrnТогаш нејзината ќерка додала: „Ми стана јасно колку сме ние сиромашни и колку посреќни можеме да бидеме.“rnrn
Богата мајка ја однела својата ќерка да види како живеат сиромашните луѓе
