Корисниците на оперативниот систем Виндоус 7 знаат колку е тој практичен и едноставен за користење, но истовремено сигурно се фрустрираат поради некои нелогични ограничувања. Така, многу е фино што можете да ги закачите (pin) вашите често користени апликации на таскбарот, но ако се обидете да го направите истото со некоја папка, за жал при повикувањето ќе го добиете само основниот прозорец на Виндоус експлорер.rnrnОвој мал трик ќе ви помогне да го забрзате пристапот до често користените папки. Ние пробавме со папката Кафе пауза… секако 🙂
1. Најпрво лоцирајте ја папката за која сакате да креирате шорткат од тастатурата.rnrn2. Кликнете со десен клик на папката и од помошното мени изберете Send to –> Desktop (create shortcut).rnrn3. Сега минимизирајте ги сите отворени прозорци и лоцирајте го новокреираниот шорткат, кој во нашиов случај се вика „Кафе пауза – Shortcut“. Доколку сакате, името можете да го промените.rnrn4. Кликнете со десното копче на глувчето врз иконата, изберете Properties и останете на табот Shortcut.rnrn5. Во полето Shortcut key последователно стиснете неколку копчиња од тастатурата, на пример Alt + Shift + K и на крајот кликнете OK.rnrn6. Сега, секогаш кога ќе сакате да ја отворите папката, дури и без да ги минимизирате отворените прозорци, треба само последователно да ги притиснете претходно зададените знаци од тастатурата. Прозорецот од оваа папка ќе се отвори врз сите останати.rnrnОвој трик е применлив и за апликации. Пробајте!rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Направете си шорткати за вашите омилени папки во Виндоус 7
