КАФЕ ПАУЗА

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

7 изненадувачки примени на сода бикарбоната

Сода бикарбоната може да се примени на различни начини во домаќинството, од состојка која ќе го потпомогне растењето на тестото, до средство за отстранување на непријатната миризба во фрижидерот. Но, сте ги знаеле ли нејзините козметички примени?rnrn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnУште старите Египќани користеле смеса слична на сода бикарбоната наместо сапун за бањање. Ова соединение има антисептички, антигабичен и ексфолирачки ефект. Еве како да ги искористите неговите својства и поинаку да го примените во секојдневниот живот:rn

1. Мијте ги забите за природен избелувачки ефект

rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnПовеќето пасти за заби содржат содиум лаурил сулфат како примарна состојка, која го предизвикува пенењето. Ваквите пасти може да имаат негативни ефекти, како хиперсензитивност на забите и непцата. Доколку не сакате супероксид во вашата уста, подобра опција за белење на вашите заби е сода бикарбоната. Ставете малку на четкичкта или за подобар ефект, комбинирајте ја со паста за заби без споменатата состојка (барајте ознака „SLS free“). Згора на тоа, содата го неутрализира лошиот здив.rn

2. Чистете го лицето со здрав ексфолијант

rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnТриењето на лицето со груби гелови за пилинг и ексфолијација на кожата не е добро за вашето лице, бидејќи нејзиниот горен слој ви треба за да ве штити од навлегување на нечистотиите и за одржување на нејзината влажност.rnrnАко сакате да го триете вашето лице, подобро правете го тоа со природни состојки. Искомбинирајте сода бикарбона со една лажичка мед и истријте го лицето со смесата. Маската можете да ја оставите да делува една минута или пак веднаш да го исплакнете лицето. Оваа маска има освежувачки и смирувачки ефект, а делува и против создавање акни. Можете да ја примените и на стапалата и на лактите. За затегнување на кожата и чистење од црнки направете маска од сода бикарбона и портокал.rn

3. Направете си дезодоранс со вашиот омилен мирис

rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте 4 лажици сода бикарбона со 10 капки од вашето омилено есенцијално масло и нанесете малку под пазувите. Иако ова звучи како женски рецепт, постојат и многу мажествени мириси како маслото од кедарово дрво. Девојките можат да ја сместат смесата во празно кутивче од руж за да можат да го користат домашно приготвениот дезодоранс повеќе пати во текот на денот, чувајќи го секогаш на дофат во својата чанта. За нанесување, најдобро е да користите четкичка.rn

4. Исушете го непоканетиот гостин на вашиот образ

rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnИзмешајте малку сода и вода и нанесете ја добиената смеса директно на акната на вашата кожа. Овој метод е одличен за брзо сушење на површинските акни, но не е препорачливо за третирање длабоки цисти.rn

5. Темелно измијте ја косата

rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnДоколку сакате да ја намалите употребата на шампон или пак темелно да отстраните некои средства кои се длабоко навлезени во коренот на вашето влакно, еве го рецептот што треба да го приготвите. Наполнете една чаша со топла вода и ставете една лажица сода бикарбона. Понесете го природно приготвениот препарат со вас во бањата. Намокрете ја косата и потоа исипете ја смесата убаво насекаде. Исчешлајте ја косата и потоа исплакнете ја. Плакнете додека да се изгуби лизгавото чувство.rn

6. Смирете го стомакот

rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnКиселините, честото создавање гасови и други проблеми со стомакот може брзо да се ублажат со помош на содата поради нејзините алкални својства кои ги неутрализираат киселините што го предизвикуваат проблемот. Измешајте мала лажичка сода бикарбона во чаша со топла вода и испијте ја течноста наеднаш. Многу брзо ќе почувствувате олеснување.rn

7. Наполнете ја кадата со вода и сода

rn7 изненадувачки примени на сода бикарбонатаrnrnРастворете малку сода бикарбона во вашата полна када. Ќе почувствувате смирување и омекнување на кожата, а покрај тоа, не мора ни да употребите сапун, што понекогаш може да биде и добро.rnrnЗнаете ли некои други интересни примени на сода бикарбоната?rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.