КАФЕ ПАУЗА

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

Топ 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат

Интернетот е дел од нашите животи. Со негова помош доаѓа до раѓање и изумирање на многу нешта. Клучниот збор кој во последно време многу често се поврзува со интернетот е „бесплатно“. Па, како би можеле да се заработат пари од бесплатни работи? Останува на компаниите сами да си откријат начин (како на пример рекламирањето, кое е број еден во таа област), додека пак за останатите – еве неколку работи кои можат да се најдат на интернет бесплатно.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

1. Меѓуградски разговори

rn„Да операторе, поврзете ме со Токио. Да, ги прифаќам трошоците.“ Овие зборови се поретко се случуваат по појавата на интернетот. Комуникацијата е бесплатна активност преку социјалните алатки како Ем-ес-ен, имејл, Фејсбук, Скајп… Скајп им дозволува на корисниците и да се јавуваат бесплатно преку услуга, за која исто така не се наплаќа, која дури и Си-ен-ен ја користи за разговор со новинари кои се јавуваат во живо од локацијата каде што снимаат. Покрај говорните повици овие социјални програми ни овозможуваат и видеоповици.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

2. Веб-адреси

rnРечиси сите нови музички групи функционираат преку Мајспејс, бесплатно место на кое можат да се објават распоредите на турнеите, да се слушаат нивните песни и да се поврзат со обожавателите. Тоа е најекономичниот и најефективниот начин да се прошири нивната музика. Другиот начин на кој може многу брзо да се рашири бизнис од кој било вид се фан-страниците, групите и индивидуалните профили на Фејсбук. Нема подобар начин на поврзување со јавноста од оној кој самата таа го користи.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

3. Вести

rnУште една индустрија која полека оди во надолна линија се весниците. Телевизијата им го зададе првиот удар, но интернетот дефинитивно моментално има најголема предност во овој „натпревар“. Зошто некој би платил да чита нешто до коешто би можело да се дојде бесплатно и во кое било време?rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

4. Состаноци

rnНаоѓањето девојка/момче за состанок е исто толку лесно колку и наоѓањето „жешко“ име на Фејсбук. Одењето на состанок е исто толку лесно колку и гледањето телевизија. Трудот и кавалерството не се одлика на помладите генерации. Денешните запознавања се базираат на разговор преку чет и разгледување на интересите на личноста на нејзиниот профил, додека пак излегувањата во ресторан или во кино се својствени само на оние кои се официјално во врска.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

5. Софтвер

rnВиндоус, програми, игри – интернетот е главниот извор за бесплатна набавка на овие работи. Почнувајќи од Напстер и Казаа, па сè до најефективните торенти денес, се појавуваа различни програми и игри за кои на луѓето едноставно не им се даваат пари. И покрај секојдневните адаптирања на комапаниите, сепак хакерите наоѓаат начин да ги заобиколат нивните надградби.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

6. Општи информации

rnСе сеќавате ли на времето кога онлајн енциклопедиите како Енкарта дозволуваа бесплатно читање само на воведот од статијата? За целосен влез беше потребно плаќање на месечна членарина исто како и во библиотеките, каде што се плаќаше за изнајмување на секоја книга. Денес доволно е да го напишеме она што нè интересира во некој онлајн-пребарувач и пред нас ќе се појават илјадници сајтови кои дозволуваат бесплатно прегледување и користење на нивните содржини.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

7. Забава за возрасни

rnНикој повеќе не крие списанија за возрасни во нивните фиоки за чорапи, ниту пак некој оди во дивидитека со ранец и темни наочари за да изнајми филм за возрасна публика. Целосни филмови со добар квалитет кои можат бесплатно да се гледаат се широко распространети на интернет и се одалечени на само едно Гугл-пребарување од нас.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

8. Телевизиски емисии и серии

rnНекои едвај легални веб-сајтови (најчесто преку Mегавидео) овозможуваат која било телевизиска емисија или серија да се гледа веднаш по нејзиното емитување и без реклами (секако и без потребата да се плати сметката за услугите на ТВ операторите). За да се адаптираат на овие услови, некои ТВ оператори им дозволуваат на своите корисници пропуштените епизоди да ги гледаат онлајн, без да наплаќаат за тоа.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

9. Филмови

rnМногу веб-сајтови дозволуваат бесплатно онлајн-гледање или симнување филмови со многу добар квалитет. Со поврзување на телевизорот на интернет, на само неколку минути од нас се сите досега снимени филмови со вклучен превод на јазик по наш избор. Секако, дома имаме и поголема удобност отколку во кино салите.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаатrn

10. Музика

rnНајголемо влијание интернетот има врз музичката индустрија. Музичката пиратерија постои повеќе од една декада и со помош на торентите, таа е еден вид невидлив криминал, но имајќи предвид колку е лесно да се „украде“ музика, кој би платил за неа? Дури, Јутјуб на пример, во соработка со Ријл плеер ни овозможува и бесплатно симнување на видео спотовите на песните.rnrnТоп 10 работи за коишто луѓето повеќе не плаќаат
rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.