КАФЕ ПАУЗА

6 невообичаени навики на спиење ширум светот

Најчесто, најтешката одлука што треба да ја донесете е дали ќе спиете на грб или на стомак. Но, како спијат народите ширум светот? Интересно е што се открило дека чинот на спиење е силно поврзан со културата, традицијата и навиките на тие народи. Прочитајте за следниве 6 изненадувачки навики на спиење кои се практикуваат ширум светот.rn

1. Јапонија: Дневна дремка за напредок во кариерата

rn6 невообичаени навики на спиење ширум светотrnrnЈапонците културната традиција за дремење на работното место ја нарекуваат инемури, што во превод значи „да спиете додека сте присутни“. Оваа практика не е табу тема и всушност покажува дека личноста е уморна од напорната работа. Една причина за ова може да биде тоа што Јапонците спијат најмалку од сите народи во светот, односно само 6 часа и 22 минути во просек.rnrnДневните дремки можат да го подобрат квалитетот на вашата работа. Истражувањата покажуваат дека дремката ве прави покреативни и повеќе фокусирани.rn

2. Велика Британија: Без пижами

rn6 невообичаени навики на спиење ширум светотrnrnПовеќе од една третина од Британците спијат голи. Оваа пракса носи многу придобивки, како подобра регулација на температурата на телото и секако подобро поврзување со вашиот партнер.rn

3. Австралија: Спиење во група

rn6 невообичаени навики на спиење ширум светотrnrnЕден научник од Универзитетот во Сиднеј вели дека спиењето во група е „културна привилегија“ во заедниците на Абориџините. Луѓето секогаш спијат во друштво на други луѓе. Креветите или душеците се наместени во редови и колони, така што треба да ги штитат ранливите категории, како децата и старите луѓе. Што значи тие спијат во средината, додека посилните возрасни луѓе спијат на краевите. Мирот што произлегува од чувството на заштита и сплотеност е многу важен за добро да се наспиете.rn

4. Мексико: Спиење во лулка

rn6 невообичаени навики на спиење ширум светотrnrnЛулките често се користат во Мексико, а оваа навика потекнува од колонијалните времиња. Многу луѓе ги преферираат лулките пред креветите, но не постои вистински доказ дека спиењето во лулка е подобро.rn

5. Боцвана и Заир: Без распоред

rn6 невообичаени навики на спиење ширум светотrnrnАнтропологот Керол Вортман вели дека во модерните племиња кои се занимаваат со лов, како што се племето Кунг во Боцвана или Ефе во Заир, спиењето е флуидна состојба. Луѓето од овие племиња спијат кога чувствуваат дека имаат потреба од спиење. Во текот на денот, попладне или навечер, сè зависи од потребите на нивното тело, а не од однапред одредениот период во денот како што се случува со луѓето од поголемиот дел од светот. rnrnСпецијалистите за лекови за спиење велат дека кога спиете само кога сте уморни, вие подобро се одморате и ја избегнувате анксиозноста од спиењето.rn

6. Индонезија: Спиење од страв

rn6 невообичаени навики на спиење ширум светотrnrnЗабележано е дека луѓето од Индонезија често доживуваат нешто кое се нарекува „спиење од страв“. Во стресни ситуации тие инстантно паѓаат во тежок сон, а оваа практика научниците ја сметаат за културолошка придобивка. Индонезијците веруваат дека спиењето го намалува или целосно го ослободува телото од стравот.rnrnОд горните примери можеме да заклучиме дека спиењето не е само биолошка потреба. Тоа е длабоко вкоренето во нашите култури, животен стил и навики. Ако ништо друго, земете пример од овие методи и спијте како што сакате и толку долго колку што ви е потребно за да се наспиете.