Сите корисници на блутут се предупредени да ја следат безбедноста на своите уреди бидејќи лесно можат да бидат нападнати, и тоа од голема далечина. Предупредувањето е испратено од специјалната група за блутут којашто сака да ја подигне свеста кај корисниците за опсегот на поврзување на оваа технологија.rnrn
rnrnГрупата сака да потенцира дека покрај поврзување преку блутут со уреди на кратки растојанија како што се слушалките и паметните звучници, некои блутут врски можат да се остварат и на оддалеченост од еден километар. Тоа нуди поголема флексибилност, но создава и ризици.rnrnПовеќето блутут врски со голем дострел се со индустриски карактер, но уредите можат да бидат поврзани и со сензорни мрежи, па дури и со дронови.rnrnМеѓутоа, секоја конекција би можела да биде цел на напади од страна на хакери. Во текот на 2019 година имаше неколку предупредувања за блутутот, вклучувајќи ја и слабата точка што им дозволуваше на корисниците да ги следат iOS и Microsoft мобилните уреди преку својата блутут конекција.rnrnЗатоа е важно корисниците да не го оставаат вклучен својот блутут и да внимаваат на кои уреди се поврзуваат.rnrnПрочитајте и кои се апликациите што треба веднаш да ги избришете ако имате телефон со оперативен систем Андроид.
Блутут уредите можат да бидат хакирани и од голема далечина
