Научно е докажано дека ако не ги искажуваме нашите емоции, тогаш тие можат штетно да влијаат врз нашиот организам, дури до тоа ниво да настанат големи психички проблеми. Плачењето не е одраз на слаб карактер. Баш напротив, оние кои што плачат, покажуваат дека се силни и дека знаат да се носат со тоа. За да ве охрабриме да искажувате емоции и да си плачете кога тоа ви е потребно, составивме листа од 14 нешта кои ги прават премногу емотивните луѓе.
rn
1. Кога луѓето ви велат „смири се“ вам ви се слуша „Згмечи ги чувствата со весник како да се ужасна голема бубачка која се појавила од нигде никаде!“
rnНЕ, НЕМА ДА СЕ СМИРАМ!rn
2. Кога мажите ви велат „смири се“ вие зовривате однатре и посакувате да фрлате со предмети
rnНаеднаш како да сакате да предизвикате војна, а нивните зборови ја поттикнуваат таа желба уште повеќе.rn
3. Не можете да се воздржите и да бидете „ладни“ за некои работи
rnДа бидеме искрени: тоа никогаш не било опција. А зошто би било?
rn
4. Аха да, поминувате низ фаза во која сте свесни дека сте „стереотипна“ емоционална жена
rnШто е неверојатно смешно, глупаво и веројатно веднаш ќе ви помине.rn
5. Претходново се случува како резултат на постојаната желба да излегувате со мажи кои бараат жена која е толку ладна што скоро и да нема пулс
rnАко тој сака поинаква, помалку емоционална жена, слободно може да почне да ја бара.rn
6. Ако сте нежна тоа не значи дека сте и слаба личност
rnТоа е само начин на справување со работите. Исто е дали ќе седиш дома и ќе плачеш или ќе испиеш 10 рунди сам во најблискиот бар.
rn
7. Вашиот град ви станал Гугл мапа на силни емоции
rn„Ах го обожувам тој бар! Таму пијана плачев врз писоарот во машкиот тоалет.“rn
8. Јавно плачете
rnДома, надвор, на забава, во кино. Не е важно каде, ако вие сметате дека треба да си ги искажете емоциите, вашите солзи веднаш сами ќе почнат да паѓаат.rn
9. Не можете да избирате кога ќе плачете
rnМожеби ви умрела најдрагата тетка и ќе бидете тивки без да пуштите солза, но кога келнерот ќе ви ја смеша порачката, тогаш почнувате да плачете без контрола.
rn
10. Тој специфичен тип мажи кои не можат да се справат со вашиот налет на емоции
rnЌе испуштите една солза и наеднаш сите хетеросексуални мажи магично исчезнуваат.rn
11. Од друга страна пак, поддршката и грижата од другите жени околу вас блеснува секогаш кога ќе полудите
rnОд непознати жени кои ве тешат во јавните тоалети до колешките кои ве тешат во женскиот тоалет. Ух, па да, целата оваа работа се одвива во тоалетите.rn
12. Не сакате луѓето да внимаваат што зборуваат пред вас
rnПа вие не сте некое кревко цвеќенце кое не може да издржи што било.rn
13. Но… некогаш сакате?
rnНема лош исход од тоа ако некој мисли што зборува пред вас, наместо да кажува непромислени работи. Ова особено важи за момчињата со кои излегувате.
rn
14. И пред сѐ, не значи дека ако сте чувствителни сте и луди
rnНема ништо ненормално во тоа да си ги искажувате емоциите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

