Мастилото е една од работите што лесно може да излезат од контрола, без оглед кој го користи пенкалото. И на децата и на возрасните понекогаш им се случува да испуштат пенкало полно со мастило и дамките да останат на тепихот. Наместо да се обидувате да ги покриете со преместување на мебелот во просторијата каде што се случила незгодата, можете лесно да ги отстраните со средствата што ги имате дома.rnrn
rn
Алкохол
rnЧистењето на дамките од мастило со крпа натопена во алкохол е наједноставниот начин да се отстрани мастилото од површината на тепихот. На овој начин, важно е да ја тапкате дамката и да го сторите тоа веднаш по нејзиното формирање за да не продре подлабоко во внатрешноста на тепихот. Потоа, исплакнете ја површината темелно со топла вода.rn
Средство за дезинфекција на раце
rnАко немате чист алкохол при рака, можете да користите нешто што сигурно имате – средство за дезинфекција на раце. Бидејќи процентот на алкохол во него е помал, ќе ви треба малку поголема количина и поголем број нанесувања на сува крпа. Постапката е речиси идентична, а по завршувањето на третманот, треба да исплакнете со топла вода.rn
Оцет
rnОцетот е како лек за сите проблеми во домаќинството. Пред да го користите на вашиот тепих, треба да го разредите со вода за да не се оштетат влакната. Постапката потоа е иста како и во првите два случаи, тапкање, а не кружно триење на дамката. Мирисот на оцет не треба да ве загрижува бидејќи многу брзо ќе исчезне. Ако дамката од мастило е сè уште многу свежа, можете да ја посипете со сода бикарбона и потоа да ја исчистите со разреден оцет.rn
Пена за бричење
rnПената за бричење може да направи чуда на валканиот тепих. Протресете го шишето со пена и испрскајте на местото каде што е дамката од мастило. Оставете да дејствува кратко и потоа исплакнете со топла вода.rnrnПрочитајте како вашата бања да мириса убаво без да користите освежувач за воздух.

rnrnАко имате голем простор во домот што претставува дневна соба, трпезарија и кујна, би било добро визуелно да ја одделите дневната соба.rnrnТоа ќе го постигнете ако поставите тепих пред софата, фотелјата и масичката, што јасно ќе покаже дека е целина што е одвоена од остатокот на просторијата.rnrnТеписите во светли бои или со светли детали ќе се вклопат совршено во простор со помалку природна светлина, како и во просториите каде што доминира темниот мебел.rnrnАко го комбинирате тепихот во светли пастелни нијанси со мебел во ист тон, визуелно ќе го зголемите просторот.rnrnТеписите се дел од уредувањето на ентериерот што навистина можат да го разубават просторот и да го направат интересен. За да се уверите во тоа, погледнете ги фотографиите подолу.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnЗа повеќе фотографии продолжете на 

rnrnЗнаете дека тепихот бара редовно чистење и перење, па ова не го прави најпрактичниот детаљ во ентериерот. Но оваа мала „жртва“ може да се исплати кога ќе погледнете колку тој го менува целиот простор.rnrn
rnrnТепихот им дава топлина и удобниот на просториите, а и секогаш е подобро да газите на него отколку на тврд под. Покрај тоа, ако живеете во зграда со тепихот ќе го намалите звукот кој се создава при одењето.rnrn
rnrnОвие фотографии нека ви служат како инспирација ако сакате да направите мала промена во домот.rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на 
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn
rn

rn
rn
rn
rn


rn
rn
rn

