КАФЕ ПАУЗА

Трикови со кои ќе ја задржите топлината во вашиот дом

Бидејќи овие денови времето надвор е сè поладно и поладно, имаме потреба што повеќе да останеме во убаво затоплениот дом. Сите ние немаме можности да го засилиме греењето (а оние кои имаат, му штетат на домашниот буџет), па затоа ви носиме листа на чекори кои ќе ви помогнат да го одржувате вашиот дом подолго време потопол.rnrn1-trikovi-so-koi-kje-ja-zadrzhite-toplinata-vo-vashiot-dom-www.kafepauza.mk_rnrnПод прозорците и вратите поставете ќебиња, па на овој начин ќе излегува помалку топлина од вашиот дом.rnrnНа радијаторите можете да вградите автоматски термостат, кој температурата во воздухот постојано ќе ја одржува на исто ниво.rnrnНад радијаторот кој се наоѓа под прозорот поставете алуминиумска фолија. Па така, топлината ќе биде насочена кон просторот, а не кон ѕидот под прозорот.rnrnАко поставите штица над радијаторот, тоа ќе преставува препрека топлиот воздух да излегува низ прозорот. Исто така, радијаторите не смеете да ги засолнувате со завеси и мебел.rnrnИзбегнувајте прозорците или вратата од терасата да ги оставате подотворени, бидејќи на тој начин топлината од просторијата излегува, а воздухот е се понеквалитетен. Наместо тоа, проветрувајте ја собата неколку пати во денот.rnrnСпуштањето на ролетните, исто така, може да овозможи топлината подолго време да остане во просторијата.rnrnДоколку надвор е ладно, но сепак сончево, тргнете ги завесите за природната топлина да навлезе во вашиот дом.rnrnМногу енергија се троши со загревање на ладни простории. Подобро обидете се температурата во собата да ја одржувате еднаква во текот на целиот ден – преку ден околу 20, а навечер околу 15 степени.rnrnНа паркетот или ламинатот ставете тепих – ќе ви послужи како изолација која ќе го спречи губењето на топлината во подот.rnrnПосле печењето нешто во рерна, оставете ја вратичката отворена, за додатно да ја загрее ладната просторија.