КАФЕ ПАУЗА

Tag: простор

  • Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

    Шик трансформација на домот во рок од 60 минути

    Без оглед на тоа дали се работи за нова кујна или за реновирање на спалната соба, преуредувањето на домот на почетокот на годината може да биде добра идеја. Реалноста е дека тоа може да биде прилично скапо. За среќа, постојат поевтини начини да го освежите просторот. Во продолжение прочитајте ги нашите трикови за како да го трансформирате домот во рок од 60 минути.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrn

    Инвестирајте во голем тепих

    rnВообичаеното размислување е дека доколку мебелот е поголем може да остави илузија дека просторот е помал, но всушност е спротивно. Големиот тепих може да помогне просторијата да остане пространа. Трикот преку кој ќе создадете илузија дека спалната соба е поголема е да го поставите тепихот само под половина од креветот.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrn

    Сменете ја положбата на мебелот

    rnДали вашиот мебел сè уште стои на истото место откако се преселивте? Нема потреба да трошите пари на нов мебел кога можете одново да го употребите стариот. Дозволете креативноста да ве води и направете нов распоред на мебелот во домот.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrn

    Купете големо огледало

    rnГолемите огледала се одлични како фокусни точки и се совршени за брзо украсување. Покрај тоа, големото огледало изгледа одлично во секој простор и најдобрата опција би била доколку го закачите на средината на просторот.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrn

    Променете ги ламбите

    rnЛамбите можат целосно да ја променат естетиката на собата, па затоа најдобра опција би била широки светилки кои рамномерно ќе ја рашират светлината низ просторијата и ќе ја направат поголема.rnrnШик трансформација на домот во рок од 60 минутиrnrnОткако ги прочитавте нашите совети за трансформација на домот, можеби ќе сакате да прочитате и како да изберете модерни бои при преуредувањето на вашата бања.rnrnИзвор: zadovoljna.nova.rs

  • Како хороскопските знаци ги уредуваат малите домови?

    Како хороскопските знаци ги уредуваат малите домови?

    Во идеална ситуација, секој би сакал да има доволно квадрати и ресурси за да го организира просторот за живеење во согласност со своите желби. Но, во реалниот живот, многумина треба да се адаптираат на малиот број квадрати и на ограничениот буџет. За среќа, постојат многу начини да се уреди малиот простор, така што ќе биде извор на задоволство. Во продолжение прочитајте како ќе се справи секој хороскопски знак во таква ситуација.rnrnКако хороскопските знаци ги уредуваат малите домови?rn

    Овен

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак сакаат сè да биде достапно и многу добро уредено. Овните не сакаат многу детали, а за просторот да изгледа поголем, тие користат поинтензивни и посветли бои при уредувањето на ентериерот.rn

    Бик

    rnИако сакаат да инвестираат во убави работи, Биковите многу добро знаат дека просторот може лесно да се преполни ако немаат доволно квадрати. Затоа, полиците им се најдобри пријатели. Тие знаат од каде да набават полици во сите големини и стилови и не се плашат да ги постават на необични места. На тој начин ќе имаат повеќе простор, а благодарение на нивниот талент, целата приказна ќе изгледа елегантно.rn

    Близнаци

    rnНивните интереси се разновидни и ги има многу. Иако Близнаците едноставно не можат да се приспособат на ситуацијата кога го немаат посакуваниот број квадрати, тие сепак ќе најдат начин. Припадниците на овој хороскопски знак ќе инвестираат пари во едно големо парче мебел што ќе биде впечатлива точка во собата. Покрај тоа што мебелот ќе го привлече целото внимание кон себе, благодарение на него, просторот ќе изгледа поголем отколку што е. Освен тоа, ова парче мебел ќе биде апстрактно, така што ќе биде тема на разговор со гостите и недостатокот на простор ќе падне во втор план.rn

    Рак

    rnРаковите сакаат да изложуваат работи што им се важни, па просторот на ѕидот им е најдобар пријател. Тие ги ставаат драгите спомени на мали полици, закачуваат фотографии од своите најблиски на ѕидовите итн. Таму наоѓаат место и за работи што често ги користат. Нивните ѕидови ги претставуваат нив и сè што им е важно.rn

    Лав

    rnИако е важно да имате огледало за да бидете сигурни дека изгледате одлично, тоа може да направи многу повеќе во просторот. Огледалата помагаат да се создаде впечаток дека просторот е поголем отколку што е навистина. Поради тоа, Лавовите експериментираат и поставуваат повеќе огледала низ станот за да му дадат длабочина на просторот, но и да го наполнат со светлина.rn

    Девица

    rnИако се опседнати со складирање, Девиците се паметни, па знаат дека купувањето многу предмети не е паметен потег кога станува збор за мал простор. Затоа тие инвестираат во склад што лесно се крие. Лавовите ги складираат таму сите работи што не мора секогаш да им бидат при рака. Најважно е да знаат каде е сè во секое време и да водат сметка сè да има свое место.rn

    Вага

    rnВагите сакаат дом кој е убав, уреден и полн со живот. Поради тоа, тие сакаат да имаат растенија кои се одличен додаток кога сакате да внесете живот и свежа енергија во просторот без да мора да реновирате. Вагите наоѓаат простор за растенија дури и во мал простор. Растенијата не мора да зафаќаат простор на подот или на други површини, тие изгледаат убаво и кога се обесени.rn

    Скорпија

    rnИако можеби не звучи логично, Скорпијата знае како да го направи просторот да изгледа поголем со поставување прегради. Тоа го прави затоа што ја сака својата приватност, а во малите станови понекогаш е тешко да се одреди каде завршува еден простор, а каде започнува друг. Скорпиите користат прегради, проѕирни завеси и поголеми парчиња мебел за да ја поделат просторијата и да ја направат поголема.rn

    Стрелец

    rnМногу е лесно работите да почнат да се натрупуваат и да го направат вашиот мал простор за живеење уште помал. Сепак, тоа нема да се случи со Стрелецот. Тој ќе ослободи простор колку што е можно повеќе со донирање на облеката, обувките и ситниците што не му се потребни.rn

    Јарец

    rnЈарците сакаат да ги прават работите на најефикасен можен начин, а тој концепт го применуваат и во својот дом. Иако малиот простор може да биде заморен, Јарците не оставаат ништо на случајноста и инвестираат во мебел што има двојна примена. Тие дури можат да најдат маса што ќе се претвори во гарнитура.rn

    Водолија

    rnЛуѓето родени во овој хороскопски знак ќе имаат поинаков пристап од повеќето хороскопски знаци со цел да го искористат максимумот од секој квадрат. Тие ќе се потрудат да изработат мебел затоа што сакаат да ги создаваат работи со свои раце, наместо да ги следат најновите трендови.rnrnВодолијата сака нејзиниот дом целосно да ја рефлектира нејзината личност, па затоа ќе се обиде да направи свои верзии наместо да купува маса или полици.rn

    Риби

    rnРибите сонуваат и сакаат да живеат во простор каде што ќе можат да се релаксираат и да мечтаат. Кога немаат доволно простор, тие се фокусираат на прозорците под кои секогаш се обидуваат да создадат простор за седење.rnrnВо домовите, просторот под прозорците е честопати неискористен, но тоа нема да се случи кај Рибите. На тој дел ќе стават барем клупа каде што ќе се дружат со пријателите или со своите мисли.rnrnПрочитајте која боја ви ја препорачува астрологијата според хороскопскиот знак.

  • 11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоци

    11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоци

    Сите сакаат да имаат топол и удобен дом, а за да ја создадете таа атмосфера, треба да користите многу детали и ситници. Сепак, по некое време, нема да има слободен простор на полиците, на масичката или на балконот и ќе треба да ги преместувате истите работи од едно на друго место за да ослободите простор. Во продолжение погледнете со кои работи е полесно да се разделите отколку да најдете место за нив.rn

    1. Ламби и украсни статуетки

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnКерамичките, пластичните и дрвените статуетки или ламби што работат на батерии и се дизајнирани да го украсуваат ентериерот, зафаќаат само простор на полиците.rn

    2. Стари чевли

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnСигурно имате цела колекција обувки што сте ги носеле долго време, но дефинитивно никогаш веќе нема да ги носите. Свесни сте дека тие се вишок, но некој внатрешен глас ве убедува да ги преместиме сите овие чевли во некој агол во плакарот.rn

    3. Кинески сувенири

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnНевообичаените сувенири од кинеско потекло, што ги купувате со голема радост и задоволство, обично престанувате да ги забележувате по неколку недели. Освен тоа, за време на чистењето, треба да ја отстраните прашина од нив или да ги преместите од едно на друго место.rn

    4. Стари лажици и виљушки

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnСигурно веќе не се сеќавате на потеклото на купот стари алуминиумски или челични лажици и виљушки. Некои од нив се стари речиси 15 години, а други можеби планирате да ги користите кога одите на кампување.rn

    5. Кеса полна со најлонски кеси

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnБројот на пластични производи се зголемува и доаѓа моментот кога треба да ги преклопите едни во други и тоа се одвива во круг. Кога одите на шопинг, често земате кеса од маркетот заборавајќи на купот што зафаќа простор дома.rn

    6. Свеќници

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnСвеќниците изгледаат убаво на излогот и првиот ден по купувањето. Со текот на времето, тие се претвораат во обични собирачи на прашина.rn

    7. Празни шишиња со парфеми

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnПријатниот мирис на нов парфем секогаш го подобрува расположението, а шишето што има невообичаена форма го радува окото. Но, во одреден момент, ќе имате многу вакви шишиња на полицата и нема да има доволно простор за сите. Затоа, најлесно е да ги фрлите во корпата за отпадоци, наместо да се обидувате да ги преуредите вашите полици.rn

    8. Весници и списанија

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnМногуте весниците и списанија постепено се насобираат на балконот или покрај креветот, а овој куп хартија не може да ви послужи за речиси ништо.rn

    9. Стари компјутерски монитори

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnСовремената технологија прави големи чекори напред и немилосрдно ги исфрла старите компјутери од секојдневна употреба. Многу луѓе имаат стар монитор дома кој е обемен и собира многу прашина. Ако не го користите, најдобро е да го продадете.rn

    10. Картонски кутии од апарати за домаќинство

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnКога ги отпакувате нови апарати за домаќинство, обично не ја фрлате кутијата сè додека постои гаранција. Но, неколку години подоцна сфаќате дека никој не ја допрел таа кутија.rn

    11. Ролни тапети по реновирањето

    rn11 предмети од домот што треба да ги фрлите во корпа за отпадоциrnrnРеновирањето на домот е долг и макотрпен процес, по што останува голема количина неискористени материјали. Сигурно купувате повеќе тапети за да бидете сигурни дека ќе има доволно. Но, откако ќе завршите со реновирањето, може да се случи да ви останат цели ролни тапети што остануваат недопрени и зафаќаат многу простор.rnrnПогледнете како да ги организирате полиците за книги и да го освежите домот.

  • 10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

    10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

    Малите кујни се предизвик за многумина. Не само што е потешко да се подготват оброци во тесен простор, туку потребни се и повеќе организациски вештини за да се средат и да се складираат сите важни ситници. Но, постојат неколку трикови кои ќе ви ја олеснат таа задача.rn

    1. Набавете мебел со лизгачки врати

    rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnКујнските ормани со лизгачки врати заштедуваат многу простор во вашиот дом и ви овозможуваат полесно да се снаоѓате.rn

    2. Инвестирајте во кујнска количка на тркала

    rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnКујнската количка со тркала е флексибилен простор за складирање, а по потреба можете да ја движите и да ја преместите во други простории во домот или на терасата.rn

    3. Поставете полици до врвот

    rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnПоставувањето полици на ѕидовите е одличен начин за складирање на работите. Но, не ставајте само една или две полици, туку поставете ги сè до врвот. Најгоре ставете работи што не ги користите секој ден, а работите што ги користите постојано нека ви бидат на дофат на раката.rn

    4. Направете лизгачки полици

    rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnАко сакате максимално да го искористите просторот во малата кујна, размислете да купите мебел по мерка. Често има слободен простор помеѓу кујнските елементи што не одговара на класичните парчиња од продавниците за мебел. Во тој тесен простор можете да наместите лизгачка полица.rn

    5. Искористете го максимумот од просторот во кујнските елементи

    rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnКупете организатор на фиоки и со тоа складирајте повеќе работи во кујнските елементи. На пример, внатрешните страни на орманите можат да послужат како држач за капаци или слични работи.rn

    6. Направете шанк за јадење

    rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnВо малите кујни нема место за маса и столови за јадење. Наместо тоа, вградете шанк каде што ќе можете да јадете од нога.rn

    7. Обесете ги работите над главата

    rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnАко ви дозволува просторот, можете да го закачите кујнскиот прибор над главата, односно под таванот. Исто така, ќе заштедите многу простор ако поставите решетка за сушење садови над мијалникот.rn

    Три трикови за визуелно зголемување на кујната

    rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrn1. Изберете кујнски елементи и опрема во посветли бои кои визуелно го зголемуваат просторот.rnrn2. Просторот ќе изгледа и поголем ако закачите поголемо огледало на еден ѕид во кој ќе се рефлектира остатокот од кујната.rnrn3. Просторот ќе изгледа помалку тесен и неуреден ако чувате колку што е можно помалку работи на видливи места.rnrnПогледнете кои бои го прават просторот поголем.

  • Бои што го прават просторот поголем

    Бои што го прават просторот поголем

    Живеењето во мал стан е предизвик сам по себе, а наоѓањето на вистинската боја за ѕидови се чини како најголемиот предизвик од сите. Бојата може визуелно да ја намали или да ја зголеми просторијата. Премногу светлите нијанси може да го направат просторот безличен, а темните може да го загушат. Она што сигурно не го сакате е вашиот стан да биде визуелно уште помал. Овие бои се решение за малиот простор за живеење.rn

    1. Пастелни нијанси

    rnБои што го прават просторот поголемrnrnАко не сте љубител на класичната бела боја, пастелните тонови можат да бидат совршени за бојадисување на ѕидовите во вашиот стан. Пастелната светложолта, бледо розовата и сината нијанса ќе ви овозможат да го исполните просторот со свежина и да ја искористите светлината во него на најдобар можен начин. Контрастот на пастелни и бели тонови ќе создаде совршена рамнотежа во просторот. Ако ги комбинирате овие бои, најдобро е да имате светол под.rn

    2. Топли сини нијанси

    rnБои што го прават просторот поголемrnrnАко сакате да ја нагласите убавината на просторот во кој живеете, топлите сини нијанси на ѕидовите се совршени за вас. Сината боја ќе направи просторот да изгледа суптилно поголем без нарушување на концептот во него. Можете да бојадисате само еден ѕид во сина боја бидејќи на малиот простор му треба малку за да изгледа поголем и поубав.rn

    3. Ладни тонови со сјајна завршница

    rnБои што го прават просторот поголемrnrnМожете да ја зголемите ефикасноста на рефлектирањето на светлите ладни тонови со употреба на бои со сјајна завршница. Ладните нијанси на сина, боја на лаванда и слични тонови можат визуелно да го зголемат просторот во кој престојувате секој ден. Овие бои функционираат особено добро во простор што не добива доволно природна светлина.rn

    4. Светли неутрални тонови

    rnБои што го прават просторот поголемrnrnЗа да го направите малиот простор поголем, користете палета на светли неутрални тонови. Светлосивата боја е совршена за мали простори на кои им е потребен допир на стил и елеганција.rn

    5. Темни неутрални тонови

    rnБои што го прават просторот поголемrnrnДизајнерите на ентериер ве советуваат да изберете боја меѓу потемните неутрални тонови што одговара на вашиот стил, а која исто така визуелно ќе го прошири просторот. Потемните неутрални тонови во комбинација со светлиот мебел создаваат илузија на поголем простор.rnrnПогледнете како да го уредите вашиот дом во топли бои.

  • 15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да го разубави домот и визуелно да го зголеми

    15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да го разубави домот и визуелно да го зголеми

    Тепихот е многу брз и лесен начин да внесете разнобојност во вашиот дом, да го зголемите просторот за живеење или да „разделите“ одредени делови без градежни работи.rnrn15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да разубави домот и визуелно да го зголемиrnrnАко имате голем простор во домот што претставува дневна соба, трпезарија и кујна, би било добро визуелно да ја одделите дневната соба.rnrnТоа ќе го постигнете ако поставите тепих пред софата, фотелјата и масичката, што јасно ќе покаже дека е целина што е одвоена од остатокот на просторијата.rnrnТеписите во светли бои или со светли детали ќе се вклопат совршено во простор со помалку природна светлина, како и во просториите каде што доминира темниот мебел.rnrnАко го комбинирате тепихот во светли пастелни нијанси со мебел во ист тон, визуелно ќе го зголемите просторот.rnrnТеписите се дел од уредувањето на ентериерот што навистина можат да го разубават просторот и да го направат интересен. За да се уверите во тоа, погледнете ги фотографиите подолу.rnrn15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да разубави домот и визуелно да го зголемиrnrn15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да разубави домот и визуелно да го зголемиrnrn15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да разубави домот и визуелно да го зголемиrnrn15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да разубави домот и визуелно да го зголемиrnrn15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да разубави домот и визуелно да го зголемиrnrn15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да разубави домот и визуелно да го зголемиrnrn15 фотографии што докажуваат дека тепихот може да разубави домот и визуелно да го зголемиrnrnЗа повеќе фотографии продолжете на следната страница…rnrn

  • Зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?

    Зошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?

    Мачките се навистина мистериозни суштества. Многу сопственици на мачки забележуваат дека тие понекогаш зјапаат во одредена точка, но не можат да разберат зошто. Постојат неколку чудни теории за натприродните моќи на мачките, но, сепак, подобро е се придржувате до науката. Ако сте љубопитни и ако сакате да ги знаете причините зошто мачките се однесуваат необично, во продолжение прочитајте ги објаснувањата за таквото однесување.rn

    Мачките имаат неверојатен вид

    rnЗошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?rnrnМачките секогаш ги забележуваат најситните работи, дури и малите пајаци и сенките на ѕидот. Ова можеби не е нешто значајно за човекот, но мачките имаат различна перцепција. Покрај тоа, мачките можат да видат некои различни бранови светлина, како ултравиолетовата, кои се невидливи за луѓето. Тоа е причината зошто одеднаш почнуваат да гледаат во нешто, а вие не треба да се плашите затоа што тие можат само да видат повеќе од вас.rn

    Мачките слушаат звуци што луѓето не можат да ги слушнат

    rnЗошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?rnrnОвие мали суштества имаат многу подобар слух, не само од луѓето, туку и од другите цицачи. На пример, опсегот на слухот на кучето е од 67 херци до 45 килохерци, а кај мачката е од 48 херци до 85 килохерци. Ова им помага на мачките да ги откријат дури и најтивките звуци, како движење по тревата или течење на водата. Значи, ако тие гледаат во ѕидот, можеби постои некој проблем со цевките или некои инсекти се населиле таму.rn

    Се обидуваат да дознаат нешто

    rnЗошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?rnrnМозоците на мачките веќе долго време се многу интересен предмет за истражување. И покрај тоа што научниците не го разбираат целосно, откриено е дека мачките имаат епизодна меморија исто како и луѓето и можат да ги користат информациите од претходните искуства.rnrnМачките се многу љубопитни суштества и кога долго време се фокусираат на нешто, тоа може да биде знак дека се обидуваат да дознаат нешто, на пример од каде потекнува изворот на бучава или на светлина. Исто така, тие се обидуваат да откријат каква било опасност.rn

    Таквото однесување може да биде знак на медицинска состојба

    rnЗошто мачките ненадејно зјапаат во sидот или во празен простор?rnrnСостојбата наречена хиперестезија е еден вид абнормално однесување кај мачките. Симптомите вклучуваат ненадејно грчење на опашката, проширување на зениците, гласно мјаукање, исклучително фокусирање на нешто и неконтролирано уринирање. Причините за оваа состојба не се многу јасни и може да вклучуваат стрес и напади. Ако забележите вакво однесување кај вашата мачка, веднаш консултирајте се со ветеринар.rnrnПрочитајте кои се најчестите заблуди за мачките.

  • 5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен простор

    5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен простор

    Дефинитивно е возможно да претерате со нешто убаво – серија, пица, па дури и партнерот. Најчесто кога сте на почетокот од врската не сакате да се разделите, па нормално често да се дружите со партнерот. Но како да знаете дали поминувате премногу време заедно?rnrnСе разбира времето поминато заедно е важно за созревањето на врската. Споделувањето искуства ви дава заеднички сеќавања и посилна врска. Покрај тоа ќе почнете повеќе да ги разбирате вашите желби, стравови, навики и слично. Па не е изненадувачки фактот дека паровите се речиси двојно посреќни кога се заедно отколку кога се разделени.rnrnНо пред да започнете да го ослободувате распоредот за партнерот, размислете за ова: Имањето адекватен простор е дури поважно за среќата на парот наместо добриот секс. Па, погледнете како да препознаете дали минувате премногу време со вашиот партнер.rn

    1. Не сте во тек со настаните

    rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnПоследен пат кога сте излегле со пријателките сте се почувствувале како да живеете под камен. Во нивните животи имало премногу новости за кои вие вооппшто не знаете. Ако редовно сте во ваква ситуација, ова е знак дека навистина испуштате премногу и тоа бидејќи минувате многу време со вашиот партнер. Не заборавајте, пријателствата ви биле приоритет пред да почнете да се гледате со оваа личност и ако сакате да ги одржите, потребно е да продолжат да ви бидат приоритет. Покажете дека сте заинтересирани за животите на вашите пријатели, во спротивно можно е да престанат да ве информираат.rn

    2. Не добивате покани

    rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnМожеби сте забележале фотографија од пријателите на некој фестивал или забава. Ова сигурно ќе направи да се чувствувате лошо бидејќи не ве поканиле и вас. Но за момент размислете зошто вооппшто ве изоставиле. Најверојатно не ве поканиле бидејќи претпоставиле дека нема да дојдете или дека ќе откажете во последен момент за да бидете со партнерот. Кога ги одбивате речиси сите покани и го минувате секој момент со вашиот партнер, луѓето ќе престанат да ве викаат на настани. Немојте да го прескокнете секое излегување за состанок со партнерот и пријателите ќе ви бидат благодарни.rnrnНемојте да се плашите да го спомнете проблемот ако пријателите продолжат да ве изоставаат. На тој начин ќе дознаете дали можеби има друга причина што не добивате покани.rn

    3. Партнерот постојано ве нервира

    rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnНормално е понекогаш партнерот да ве нервира, без разлика дали бидејќи заборавил да го фрли ѓубрето или доцни за нешто. Но ако ве иритира секој аспект од неговото постоење, како гласното дишење или начинот на кој седи, тоа воопшто не е нормално. Па ако партнерот ве прави гневни без никаква причина, тоа е сериозен знак дека ви е потребен простор.rn

    4. Не се сеќавате на последниот пат кога сте биле разделени

    rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnКога последен пат сте поминале цел ден без вашиот партнер? Овде не се вбројува ако цел ден сте биле на работа, сте патувале или сте имале друга обврска. Кога последен пат сте одбрале да не бидете заедно? Ако одговорот е пред неколку месеци, тогаш дефинитивно ви е потребен простор од вашиот партнер. Здраво е да поминувате време одвоени од партнерот без разлика дали затоа што сакате време за себе или сакате да излезете со пријателите.rn

    5. Буквално немате за што да разговарате

    rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnТишината за време на долго возење или по вечера не само што е нормално, туку е и знак за здрава врска. Би требало да ви биде удобно да бидете со партнерот без да разговарате. Но ако забележувате дека често немате за што да разговарате, можеби причината е тоа што постојано сте заедно. Кога сите искуства ви се заеднички, останува малку што можете да споделите.rnrnКога ќе видите нешто смешно на улица, ќе имате инспиративен разговор со странец или сте пробале неверојатен оброк во новиот ресторан, вашиот партнер ќе биде првата личност на којашто ќе сакате да ѝ кажете. Ако си дадете простор ќе сфатите дека ќе имате повеќе за разговарање следниот пат кога ќе се видите.rnrnДознајте зошто сите парови треба да имаат личен простор во врската.

  • Деветте круга на пеколот за интровертите

    Деветте круга на пеколот за интровертите

    Интровертните луѓе се одликуваат со одредени карактеристики кои се лесно забележливи. Тие се најчесто повлечени во себе, ретко зборуваат, а кога зборуваат го прават тоа јасно и кратко, без многу објаснувања. Дружењето и комуникацијата за нив понекогаш може да биде вистинско измачување. За да можеме поубаво да си претставиме како се чувствуваат интровертите, можеме да ги поделиме во девет круга на пеколот, преземајќи го како модел најпознатото дело на Данте Алигиери. Деветте круга се всушност секојдневните контакти со надворешниот свет, кои за интровертните луѓе најчесто претставуваат вистински пеколни ситуации од кои бараат излез, а најчесто многу тешко го наоѓаат.rnrn(1) Интровертите во деветте круга на „Пеколот“rn

    Прв круг: Поврзување

    rnВо овој круг, интровертните души во мака се превиткуваат и издишуваат, затоа што треба да се ракуваат со луѓето, да пијат кафиња, да одат на ручеци и да ги слушаат останатите како постојано зборуваат. Тие завиваат од мака и се впуштаат во кратки разговори, кои ги истоштуваат.rn

    Втор круг: Зборлести луѓе

    rnИнтровертите кои се сместени во овој круг се чувствуваат како нивните души да се заробени во вечен оган со зборлестите усти на таксистите, стоматолозите, масажерите, продавачите, фризерите… Тие чувствуваат дека се притиснати до ѕид и никако не можат да им избегаат на огнените пламени кои излегуваат од устите на злите сили, па постојано мора да одговараат на „бесмислени“ прашања околу тоа каде живеат, со што се занимаваат и други целосно неважни теми.rn

    Трет круг: Организирани активности

    rnДушите сместени во овој круг чувствуваат неверојатно измачување седејќи во група со други души со кои мораат да работат на одредени заеднички задачи или активности. Интровертите во овој круг чувствуваат дека се при крајот на своите сили, особено кога треба да бидат активни во заеднички игри, како што се оние за развивање на меѓусебната доверба, кога треба да започнат разговор и други активности од „групното проклетство“.rn

    Четврти круг: Работа во група

    rnОвој круг најчесто се наоѓа на работното место на интровертните луѓе. За нив тимската работа е едно од најголемите казни што можеле да ја добијат, затоа што, во зависност од нивната професија, многу често се случува да имаат тимска работа. Тие се чувствуваат осудено“затоа што мораат да ги завршуваат работните задачи во групи, а според нив, можат сето тоа да го завршат и сами. Ја мразат тимската работа затоа што таму доминираат еретиците и заповедниците, кои наместо да дадат реален придонес во работата, тие се експонираат вербално и создаваат непотребна бука, нешто што интровертите не можат да го поднесат.rn

    Петти круг: Луѓе кои не можат или не сакаат да читаат говор на тело

    rnИнтровертните души кои се наоѓаат во овој круг едноставно не можат да ги поднесат останатите околу себе кои не ги прифаќаат универзалните знаци од говорот на телото, како на пример „Те молам остави ме на мира“. Овие зли мачители едноставно не сакаат да го погледнат знакот кој им го праќа интровертната душа. Тие најчесто ги игнорираат темните очила, отворената книга која што чека да биде прочитана, оскудниот или речиси затворен говор на телото на интровертните души, а го избегнуваат и контактот со очите, од каде многу јасно можат да видат дека не се пожелни во близина. Наместо тоа, овие напаѓачи сакаат да остварат близок контакт, постојано да се смеат и да зборуваат без престан. Интровертите чувствуваат дека нивните души се фрлени во оваа долготрајна бура, без можност да се спасат.rn

    Шести круг: Шопинг центри

    rnВо овој круг на пеколот, интровертните души се чувствуваат како во валкано мочуриште, кое талкаат од едно до друго ниво на бездната. Овој круг претставува особено измачување поради големите гужви и турканици на луѓето, кои немаат никакво чувство за личен простор. Тука се наоѓа и бездната наречена „голема распродажба и сезонски чистки“.rn

    Седми круг: Телефони и телефонски повици

    rnВо овој круг главниот мачител е телефонот. Тука се спакувани душите на огромен број луѓе. Оваа мала кутија не им дава мир на интровертите. Оттаму постојано доаѓаат лоши ветришта и неизбежни телефонски повици на кои тие мораат да одговараат, иако тоа не е по нивна волја.rn

    Осми круг: Непотребно узурпирање на простор

    rnВо овој круг, и покрај неограничениот простор, интровертните души мораат да ги трпат оние кои немаат чувство за личен комфор. Иако местото во кое се „заглавени“ е речиси празно, во нивна непосредна близина секогаш има бучни луѓе, кои создаваат немир и седнуваат многу блиску до нив. Во оваа јама на пропаста, се зборува гласно, а децата пискаат без никаква причина.rn

    Деветти круг: Ниво на Сатаната

    rnОва ниво е дното на пеколот. Длабочина обвиена во темнина. Тука владее Сатаната, поради што гревот, лошите дела и злите сили се неизбежни.

  • 9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

    9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор

    Вашата спална соба треба да биде удобно и пријатно катче во кое секогаш можете да се повлечете, да се одморите и опуштите. Дури и малечката спална соба која нема многу простор може да биде трансформирана во најубавата и најпривлечната точка во вашиот дом од која ретко кога ќе посакате да излезете. Погледнете ги овие 9 практични совети кои ќе ви помогнат правилно и максимално да го искористите малиот простор.rn

    1. Избегнувајте темни ѕидови

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnСветлите и лесни бои или тапети ќе направат собата да изгледа многу поголема отколку што е.rn

    2. Не плашете се да користите несекојдневни бои

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnСветлите и вибрантни бои, живите слики, разнобојните завеси или шарениот покривач за креветот можат многу да ја осветлат вашата соба и да го подигнат расположението на секој кој ќе ја посети. Но, бидете умерени во боењето и декорацијата.rn

    3. Изберете светло обоен плакар за облека

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnЧестопати, спалната соба служи и како место каде ја чувате вашата облека и огромните плакари можат да го зафатат цел простор. Изберете светло обоен плакар за да го зголемите чувството на простор во вашата соба.rn

    4. Уште подобро, доколку имате можност, изберете вграден плакар

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnКако алтернатива на вообичаениот плакар, изберете вградени плакари во ѕидот. Во повеќето случаи и завесите можат да ја преземат улогата на врати и да ја зачуваат леснотијата и светлоста на овој внатрешен дизајн.rn

    5. За сезонската облека, ставете закачалка за најчесто употребувани и носени парчиња

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnОние парчиња облека кои ретко ги облекувате може да бидат ставени на полици чија боја се совпаѓа со бојата на ѕидот. Ова е интересна идеја која не само што служи како креативна декорација, туку и значително го намалува натрупувањето на облеката во плакарите.rn

    6. Минимализмот е одличен концепт за дизајн на малите соби

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnЗадржете ги само најважните и најфункционалните парчиња мебел во собата и додадете ограничен број декоративни елементи.rn

    7. Ако се ученик или студент, тогаш ви е потребен и простор за работа

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnОбидете се да одвоите дел каде ќе го сместите вашето биро, вашиот компјутер, книгите, приборот за работа и слично. Мебелот во собата би било добро ако е компактен и повеќенаменски.rn

    8. Детските соби ќе изгледаат поубаво со светли и разиграни тонови

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnВо овој случај користете ги најсветлите и највпечатливите бои како што се светло зелената или нежно виолетовата боја.rn

    9. Двојните кревети се многу ефикасни и ефективни

    rn9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу простор9 паметни и практични идеи за малите спални соби кои немаат многу просторrnrnКога во собата престојуваат две дечиња, тогаш модерните изгледи на двојните кревети се многу удобни и одлични за зачувување на просторот.