Вашата спална соба треба да биде удобно и пријатно катче во кое секогаш можете да се повлечете, да се одморите и опуштите. Дури и малечката спална соба која нема многу простор може да биде трансформирана во најубавата и најпривлечната точка во вашиот дом од која ретко кога ќе посакате да излезете. Погледнете ги овие 9 практични совети кои ќе ви помогнат правилно и максимално да го искористите малиот простор.rn
1. Избегнувајте темни ѕидови
rn
rnrnСветлите и лесни бои или тапети ќе направат собата да изгледа многу поголема отколку што е.rn
2. Не плашете се да користите несекојдневни бои
rn
rnrnСветлите и вибрантни бои, живите слики, разнобојните завеси или шарениот покривач за креветот можат многу да ја осветлат вашата соба и да го подигнат расположението на секој кој ќе ја посети. Но, бидете умерени во боењето и декорацијата.rn
3. Изберете светло обоен плакар за облека
rn
rnrnЧестопати, спалната соба служи и како место каде ја чувате вашата облека и огромните плакари можат да го зафатат цел простор. Изберете светло обоен плакар за да го зголемите чувството на простор во вашата соба.rn
4. Уште подобро, доколку имате можност, изберете вграден плакар
rn
rnrnКако алтернатива на вообичаениот плакар, изберете вградени плакари во ѕидот. Во повеќето случаи и завесите можат да ја преземат улогата на врати и да ја зачуваат леснотијата и светлоста на овој внатрешен дизајн.rn
5. За сезонската облека, ставете закачалка за најчесто употребувани и носени парчиња
rn
rnrnОние парчиња облека кои ретко ги облекувате може да бидат ставени на полици чија боја се совпаѓа со бојата на ѕидот. Ова е интересна идеја која не само што служи како креативна декорација, туку и значително го намалува натрупувањето на облеката во плакарите.rn
6. Минимализмот е одличен концепт за дизајн на малите соби
rn
rnrnЗадржете ги само најважните и најфункционалните парчиња мебел во собата и додадете ограничен број декоративни елементи.rn
7. Ако се ученик или студент, тогаш ви е потребен и простор за работа
rn
rnrnОбидете се да одвоите дел каде ќе го сместите вашето биро, вашиот компјутер, книгите, приборот за работа и слично. Мебелот во собата би било добро ако е компактен и повеќенаменски.rn
8. Детските соби ќе изгледаат поубаво со светли и разиграни тонови
rn
rnrnВо овој случај користете ги најсветлите и највпечатливите бои како што се светло зелената или нежно виолетовата боја.rn
9. Двојните кревети се многу ефикасни и ефективни
rn
rnrnКога во собата престојуваат две дечиња, тогаш модерните изгледи на двојните кревети се многу удобни и одлични за зачувување на просторот.
