КАФЕ ПАУЗА

5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен простор

5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен простор

Дефинитивно е возможно да претерате со нешто убаво – серија, пица, па дури и партнерот. Најчесто кога сте на почетокот од врската не сакате да се разделите, па нормално често да се дружите со партнерот. Но како да знаете дали поминувате премногу време заедно?rnrnСе разбира времето поминато заедно е важно за созревањето на врската. Споделувањето искуства ви дава заеднички сеќавања и посилна врска. Покрај тоа ќе почнете повеќе да ги разбирате вашите желби, стравови, навики и слично. Па не е изненадувачки фактот дека паровите се речиси двојно посреќни кога се заедно отколку кога се разделени.rnrnНо пред да започнете да го ослободувате распоредот за партнерот, размислете за ова: Имањето адекватен простор е дури поважно за среќата на парот наместо добриот секс. Па, погледнете како да препознаете дали минувате премногу време со вашиот партнер.rn

1. Не сте во тек со настаните

rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnПоследен пат кога сте излегле со пријателките сте се почувствувале како да живеете под камен. Во нивните животи имало премногу новости за кои вие вооппшто не знаете. Ако редовно сте во ваква ситуација, ова е знак дека навистина испуштате премногу и тоа бидејќи минувате многу време со вашиот партнер. Не заборавајте, пријателствата ви биле приоритет пред да почнете да се гледате со оваа личност и ако сакате да ги одржите, потребно е да продолжат да ви бидат приоритет. Покажете дека сте заинтересирани за животите на вашите пријатели, во спротивно можно е да престанат да ве информираат.rn

2. Не добивате покани

rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnМожеби сте забележале фотографија од пријателите на некој фестивал или забава. Ова сигурно ќе направи да се чувствувате лошо бидејќи не ве поканиле и вас. Но за момент размислете зошто вооппшто ве изоставиле. Најверојатно не ве поканиле бидејќи претпоставиле дека нема да дојдете или дека ќе откажете во последен момент за да бидете со партнерот. Кога ги одбивате речиси сите покани и го минувате секој момент со вашиот партнер, луѓето ќе престанат да ве викаат на настани. Немојте да го прескокнете секое излегување за состанок со партнерот и пријателите ќе ви бидат благодарни.rnrnНемојте да се плашите да го спомнете проблемот ако пријателите продолжат да ве изоставаат. На тој начин ќе дознаете дали можеби има друга причина што не добивате покани.rn

3. Партнерот постојано ве нервира

rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnНормално е понекогаш партнерот да ве нервира, без разлика дали бидејќи заборавил да го фрли ѓубрето или доцни за нешто. Но ако ве иритира секој аспект од неговото постоење, како гласното дишење или начинот на кој седи, тоа воопшто не е нормално. Па ако партнерот ве прави гневни без никаква причина, тоа е сериозен знак дека ви е потребен простор.rn

4. Не се сеќавате на последниот пат кога сте биле разделени

rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnКога последен пат сте поминале цел ден без вашиот партнер? Овде не се вбројува ако цел ден сте биле на работа, сте патувале или сте имале друга обврска. Кога последен пат сте одбрале да не бидете заедно? Ако одговорот е пред неколку месеци, тогаш дефинитивно ви е потребен простор од вашиот партнер. Здраво е да поминувате време одвоени од партнерот без разлика дали затоа што сакате време за себе или сакате да излезете со пријателите.rn

5. Буквално немате за што да разговарате

rn5 знаци дека поминувате премногу време со вашиот партнер и ви е потребен просторrnrnТишината за време на долго возење или по вечера не само што е нормално, туку е и знак за здрава врска. Би требало да ви биде удобно да бидете со партнерот без да разговарате. Но ако забележувате дека често немате за што да разговарате, можеби причината е тоа што постојано сте заедно. Кога сите искуства ви се заеднички, останува малку што можете да споделите.rnrnКога ќе видите нешто смешно на улица, ќе имате инспиративен разговор со странец или сте пробале неверојатен оброк во новиот ресторан, вашиот партнер ќе биде првата личност на којашто ќе сакате да ѝ кажете. Ако си дадете простор ќе сфатите дека ќе имате повеќе за разговарање следниот пат кога ќе се видите.rnrnДознајте зошто сите парови треба да имаат личен простор во врската.