КАФЕ ПАУЗА

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујна

Малите кујни се предизвик за многумина. Не само што е потешко да се подготват оброци во тесен простор, туку потребни се и повеќе организациски вештини за да се средат и да се складираат сите важни ситници. Но, постојат неколку трикови кои ќе ви ја олеснат таа задача.rn

1. Набавете мебел со лизгачки врати

rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnКујнските ормани со лизгачки врати заштедуваат многу простор во вашиот дом и ви овозможуваат полесно да се снаоѓате.rn

2. Инвестирајте во кујнска количка на тркала

rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnКујнската количка со тркала е флексибилен простор за складирање, а по потреба можете да ја движите и да ја преместите во други простории во домот или на терасата.rn

3. Поставете полици до врвот

rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnПоставувањето полици на ѕидовите е одличен начин за складирање на работите. Но, не ставајте само една или две полици, туку поставете ги сè до врвот. Најгоре ставете работи што не ги користите секој ден, а работите што ги користите постојано нека ви бидат на дофат на раката.rn

4. Направете лизгачки полици

rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnАко сакате максимално да го искористите просторот во малата кујна, размислете да купите мебел по мерка. Често има слободен простор помеѓу кујнските елементи што не одговара на класичните парчиња од продавниците за мебел. Во тој тесен простор можете да наместите лизгачка полица.rn

5. Искористете го максимумот од просторот во кујнските елементи

rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnКупете организатор на фиоки и со тоа складирајте повеќе работи во кујнските елементи. На пример, внатрешните страни на орманите можат да послужат како држач за капаци или слични работи.rn

6. Направете шанк за јадење

rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnВо малите кујни нема место за маса и столови за јадење. Наместо тоа, вградете шанк каде што ќе можете да јадете од нога.rn

7. Обесете ги работите над главата

rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrnАко ви дозволува просторот, можете да го закачите кујнскиот прибор над главата, односно под таванот. Исто така, ќе заштедите многу простор ако поставите решетка за сушење садови над мијалникот.rn

Три трикови за визуелно зголемување на кујната

rn10 идеи како максимално да го искористите просторот и да ја зголемите малата кујнаrnrn1. Изберете кујнски елементи и опрема во посветли бои кои визуелно го зголемуваат просторот.rnrn2. Просторот ќе изгледа и поголем ако закачите поголемо огледало на еден ѕид во кој ќе се рефлектира остатокот од кујната.rnrn3. Просторот ќе изгледа помалку тесен и неуреден ако чувате колку што е можно помалку работи на видливи места.rnrnПогледнете кои бои го прават просторот поголем.