КАФЕ ПАУЗА

Tag: пејачи

  • Приказна за конфликтот помеѓу Карерас и Доминго: Зошто треба да му се помогне на непријателот?

    Приказна за конфликтот помеѓу Карерас и Доминго: Зошто треба да му се помогне на непријателот?

    Дали сте ја чуле поучната приказна за пријателството Лучијано Павароти, Пласидо Доминго и Хозе Карерас? Сигурно ви се познати трите тенори кои го воодушевија светот со нивното заедничко пеење, но дали знаете какви биле нивните меѓусебни односи? Прочитајте ја оваа приказна за двајца непријатели што ќе ви даде сосема поинаква слика за познатите оперски пејачи…rnrnПриказна за конфликтот помеѓу Карерас и Доминго: Зошто треба да му се помогне на непријателот?rnrnДури и оние кои никогаш не ја посетиле Шпанија знаат за конфликтот помеѓу Каталонците и Мадриѓаните. Така се случило Доминго да биде Мадриѓанец, а Карерас Каталонец. Во 1984 година тие станале непријатели од политички причини. Изјавиле дека ќе настапуваат само доколку едниот од нив не е повикан.rnrnВо 1987 година Карерас се запознал со неговиот нов непријател, леукемијата. Имал трансплантација на коскена срж и примал хемотерапија што го принудило да патува еднаш месечно. Тој бил неспособен да работи под такви услови и иако поседувал огромно богатство, високите трошоци околу сите тие патувања и медицински терапии ги исцрпиле неговите финансии.rnrnПри крајот на своите финансиски можности, тој нашол фондација во Мадрид чија единствена цел била да ги поддржи третманите на болните од леукемија. Благодарение на поддршката од страна на фондацијата „Хермоса“, Карерас ја победил болеста, продолжил да настапува и повторно стекнал големо богатство, па се обидел да ѝ се приклучи на фондацијата.rnrnЧитајќи ги правилата на фондацијата, открил дека нејзин основач, најголем инвеститор и претседател бил токму Пласидо Доминго! Подоцна открил дека тој сакал да му помогне под услов да остане анонимен за да не си ја прегази гордоста.rnrnНајтрогателна била нивната средба. За време на еден нивен настап, Карерас го прекинал настанот, понизно клекнал на колена, го замолил Пласидо за прошка и јавно му се заблагодарил. Пласидо цврсто го прегрнал.rnrnВо едно интервју, новинарот го прашал Доминго зошто треба да му се помогне на непријателот, а тој одговорил: „Не можевме да си дозволиме да изгубиме таков глас“.rnrnОва е вистинска приказна за човечката љубезност и на сите треба да ни послужи како пример и инспирација!rnrnВо продолжение прочитајте ја следнава поучна приказна која ќе ве научи како треба да реагирате на зависта, злобата и навредите од другите луѓе.

  • 15-те најдобри музички албуми за 2015

    15-те најдобри музички албуми за 2015

    Доколку сте музички фан и редовно ги следите вашите омилени пејачи, пејачки и бендови, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Сигурни сме дека веќе сте чуле за овие албуми и дека ги знаете сите песни кои тие ги содржат, па токму затоа и решивме да направиме една листа во која ги издвојуваме најдобрите 15 од претходната година кои едноставно мора да се имаат. Што мислите, пропуштаме ли некој?rnrn

    1. Адел – 25

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnНезависно дали се сметате за фан на оваа мега популарна дама или не, Адел без сомнение го освојува првото место на листата на најуспешни албуми за 2015. Покрај фактот што го собори рекордот на N-sync за само 3 дена, песната „Hello“ стана предмет на бескрајни пародии и неизбежен дел од концертите под тушот. И додека „25“ нуди низа нови прекрасни балади со нејзиниот потпис, Адел ни нуди и дел од новото и модерното низ песните „Send My Love (To Your New Lover)“ и „Water Under the Bridge“.rn

    2. Шамир – Ratchet

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnШамир има само 21 година и веќе постигна неверојатен успех. Oд прва рака може да ни понуди забавни ритами преку „On the Regular“ и „Make a Scene“. И да, неговиот глас е баш таков, без никакви компјутерски алтерации. Неверојатно.rn

    3. One Direction – Made in the A.M.

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnМомците оваа година можеби изгубија еден член, но не ја изгубија моќта за правење добра поп музика која ќе ја потпевнувате веднаш после првото слушање. Се чини дека заминувањето на Зејн Малик од групата додатно ги зајакна и ги мотивираше преостанатите пејачи да работат уште повеќе за да бидат посилни и да ни го понудат најдоброто од себе.rn

    4. Ерика Баду – But You Caint Use My Phone

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnБез сомнеж, Ерика е вистинската личност од која ќе сакате да слушнете кавери на песни кои се подобри од оригиналот, а потоа да направите албум кој ќе го претвори вашиот мобилен во магична кристална топка со магичен звук.rn

    5. Кејси Мусгрејвс– Pageant Material

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnВелат дека делата на Кејси се кантри музика за оние кои не сакаат да слушаат ваков жанр. Иако ова би требало да биде комплимент, тоа исто така алудира на фактот дека Кејси не ги сака љубителите на кантри музиката, што е сосема погрешно. Баш напротив, Кејси нè тера накратко да навлеземе во оваа сцена и да уживаме во комбинацијата на дрската Лорет Лин и опуштениот Вили Нелсон.rn

    6. Џастин Бибер – Purpose

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnЏастин ја помина 2015-тата извинувајќи се за сѐ што направи во 2014-тата, па затоа и по излегувањето на албумот Purpose луѓето повторно сакаа да го гледаат како уметник, а не како нескротлив насилник. Новиот албум нуди широка разноликост – од оној необичен хит со Скрилекс и Дипло (тоа е инаку неговиот глас, а не флејта), до „What Do You Mean?“ и „Sorry“. Дали Бибер конечно порасна?rn

    7. Sleater-Kinney – No Cities to Love

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnПовеќето бендови, кои одамна ја напуштија музичката сцена, не би се вратиле без една голема повратна турнеја, но Sleater-Kinney не се како повеќето бендови. Долгогодишната пауза воопшто не им наштети на нивната способност да прават одлична музика, баш напротив, тие се вратија посилни од кога било претходно. „Price Tag“ и „No Anthems“ не само што се најдобрите песни од албумот, туку тие се и нивните најдобри песни воопшто. rn

    8. Бјорк – Vulnicura

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnАко барате песни кои ќе ве натераат да си ја исплачете душата, без сомнение ќе ги пронајдете на 9-тиот албум на легендарната Бјорк, која својот албум го посвети на прекинот на нејзината долгогодишна врска со Метју Барни. Зборовите се разорни, но способноста на претворањето на нејзината болка во прекрасна музика е едноставно инспиративно.rn

    9. Bully – Feels Like

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnСо песната „Feels Like“, овој бенд го постигна невозможното – создаде рок албум исполнет со интензивни емоции кои не звучат ни малку вештачки. Малку ги жалиме вашите соседи. И нашите.rn

    10. Џенет Џексон – Unbreakable

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnЏенет, со својот прв албум после 7 години, му покажа на светот како изгледа едно успешно враќање на сцената без копирање трендови и компромитирање на имиџот. Дефинитивно ѝ помогна и соработката со продуцентите Џими Џем и Тери Луис, но зад тој сексапил и глас стои само таа.rn

    11. Џоана Њусом – Divers

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnЏоана Њусом дефинитивно ги сака педантните изведби кои мора да се слушаат повеќе пати, со висока концентрација, по можност додека не работите нешто друго. Освен можеби да уживате во чаша вино, но не премногу, бидејќи мора да го задржите фокусот. Новиот албум, иако е пократок од претходниот, е текстуално и музички сложен и воопшто не губи од богатството. Ако можете да одвоите време и да го ислушате албумот, тоа ќе ви биде едно од најисплатливите музички искуства за оваа година.rn

    12. Лана дел Реј – Honeymoon

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnЛана својот ретро меланхоличен стил почна да го усовршува уште со песната „Video Games“ со која се прослави во 2011-тата година, но „Honeymoon“ го носи тој стил до совршенство. Слушањето на овој албум е како одење по мочуриште во алкохолизирана состојба – гламурозно мочуриште каде сите пијат скап шампањ и носат свилени пижами.rn

    13. Кендрик Ламар – To Pimp a Butterfly

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnСе зборуваше дека овој албум е „комплициран“, но тоа зависи од времето кое сте спремни да го вложите во него. Ако му посветите повеќе внимание, ќе ја цените оваа единствена комбинација на жанрови: од фанк, џез, соул па до сѐ друго, како и способноста за изразување на Кендрик.rn

    14. Грајмс – Art Angels

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnПосле вестите дека го исфрлила цел албум, тешко беше да се поверува дека Грајмс некогаш ќе издаде нешто брилијантно како минатиот албум „Visions“, но после последниот албум знаеме дека никогаш повеќе не треба да се сомневаме во неа. Нема многу да откриваме, освен тоа дека таа не се шегуваше кога рече дека секоја песна крие целосно поинаков звук. После овој албум, сите други ќе ви се чинат монотони и досадни.rn

    15. Карли Реј Џепсен – E•MO•TION

    rn15-те најдобри музички албуми за 2015rnrnНикој не направи подобар поп албум во 2015-тата од Карли. Секоја песна од новиот албум е она што го посакуваме и очекуваме од една поп песна – веселба, поистоветување, привлечност и тоа до таа мера што после овој албум, нема да престанете да ги потпевнувате мелодиите кои ќе ги излудат, но и изразат сите околу вас. Немојте ни да се обидувате да се борите со тоа и да давате отпор.

  • Познатите личности и нивните уште попознати двојници од минатото

    Познатите личности и нивните уште попознати двојници од минатото

    Веќе за никого воопшто не е чудно кога ќе види или слушне за луѓе кои неверојатно наликуваат едни на други, а не се во сродство. Но колку и да не нѐ изненадува тоа повеќе, секогаш ни е интересно да видиме двојници, особено кога станува збор за оние на познатите личности. А она што е уште поинтересно е кога и тие двојници биле некогаш познати. Глумци, пејачи или артисти, погледнете ја најновата збирка фотографии на познати личности и нивните уште попознати двојници од минатото.rnrn

    Одри Хепбурн (1954) и Лили Колинс
    Одри Хепбурн (1954) и Лили Колинс
    rnrn

  • Носталгија за 90-тите: Најсекси мажи од деценијата

    Носталгија за 90-тите: Најсекси мажи од деценијата

    Автор: Зорица Тодороваrnrn„Нирвана“ ја доведе гранџ музиката на врвот од својата популарност, широките фланелски кошули беа во мода, интернетот се користеше единствено преку dial-up и се разбира, сите бевме луди по Леонардо Дикаприо во „Титаник“. Ако сте и вие дете на деведесеттите, веруваме дека оваа листа на најсекси мажи ќе ви донесе уште убави спомени од деценијата која нѐ дефинираше.rn

    1. Фреди Принц Јуниор

    rn"Shakespeare in Love" Beverly Hills PremierernrnОвој убавец стана популарен по улогата во хорор-филмот „Знам што направи минатото лето“ (1997).rn

    2. Рајан Филипе

    rn2-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnИсто како и за неговиот колега Фреди Принц, „Знам што направи минатото лето“ беше почетокот на успешната кариера на Рајан.rn

    3. Пол Рад

    rn3-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnСите се заљубија во Пол кога ѝ стана момче на Алиша Силверстон во тинејџерската комедија „Изгубена“ од 1995.rn

    4. Брајан Литрел

    rn4-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnАх, златната ера на бој-бендовите. Уште знаеме да си потпевнеме на „As long as you love me“ (1997).rn

    5. Енрике Иглезијас

    rn5-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnНеговите хитови од доцните 90-ти беа почеток на латино експанзијата во музичката индустрија, заедно со Рики Мартин и Џенифер Лопез.rn

    6. Крис О’Донел

    rn6-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnКој не беше заљубен во овој секси Робин од „Бетмен засекогаш“ (1995)?rn

    7. Џастин Тимберлејк

    rn7-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnМожеби Џастин во 1998 не изгледаше толку заводливо како сега, но сите ги слушавме NSync заради него.rn

    8. Дејвид Духовни

    rn8-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnНајстар на листата, но секако не помалку вреден. Од 1993 до 2002 го играше агентот Фокс Мулдер во „Досиеја икс“.rn

    9. Вил Смит

    rn9-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnПринцот од Бел Ер (1990-1996) се претвори од несериозен тинејџер во шарена облека во вистински глумец, сопруг и татко.rn

    10. Марк Волберг

    rn10-nostalgija-za-90-tite-najseksi-mazhi-od-decenijata-kafepauza.mkrnrnПочнувајќи во 1991 година, Марки Марк успеа да се изгради како рапер, модел, продуцент и актер.rnrnПогледнете ги останатите 10 на следната страна >>rnrn

  • Музичари кои пеат на француски јазик и кои треба да ги знаете

    Музичари кои пеат на француски јазик и кои треба да ги знаете

    На нашите радио станици, покрај македонската и балканската, се пуштаат песни од светската музичка сцена кои се отпеани исклучиво на англиски јазик, така што имаме можност подобро да се запознаеме само со одреден мал круг на изведувачи чии дела имаат потенцијал да успеат на американскиот и на англискиот пазар. Сепак, во Европа има уште многу музичари кои своите песни ги изведуваат на својот мајчин јазик поради што неоправдано се игнорирани од музичките канали и станици надвор од матичните земји.rnrnЗатоа, ние во продолжение ви претставуваме 8 изведувачи од француското говорно подрачје кои можат да се пофалат со одлична музика. Тие се бават со музика од повеќе различни стилови, па можеби ќе најдете и нешто според вашиот вкус кое можете да го вметнете во вашата плејлиста.rnrnМузичари кои пеат на француски јазик и кои треба да ги знаетеrn

    1. Стромае (Stromae)

    rnСтромае е белгиски пејач и композитор кој пред неколку години стана познат во цела Европа со хитот „Alors en danse“. Денеска веќе е најголемата музичка ѕвезда во франкофонскиот свет и важи за голем уметник. Секоја негова песна станува голем хит.rn

    rn

    Повеќе од Стромае:

    rn

    rn

    2. Жилиен Доре (Julien Doré)

    rnЖилиен Доре стана познат во 2007 година по победата на едно француско шоу за потрага по млади музички таленти. Паралелно води две кариери, една соло и една со својот стар бенд. Неговите соло албуми се многу послушани.rn

    rn

    Повеќе од Жилиен Доре:

    rn

    rn

    3. Ирие Револте (Irie Révoltés)

    rnИрие Револте всушност е германски бенд, но се наоѓа на оваа листа поради тоа што нивните песни ги изведуваат главно на француски јазик, покрај само неколкуте на германски. Нивните стихови се бунтовнички против денешните текови во европското општество и праќаат силни антинационалистички пораки.rn

    rn

    Повеќе од Ирие Револте:

    rn

    rn

    4. Метр Гимс (Maitre Gims)

    rnМетр Гимс е роден во Конго, израснал во Париз каде што повеќе од десет години успешно гради музичка кариера. Неговата музика претставува мешавина од хип-хоп и денс.rn

    rn

    Повеќе од Метр Гимс:

    rn

    rn

    5. Кристоф Мае (Christophe Maé)

    rnКристоф Мае е кант-автор чии лесни хитови се обожувани главно од женската публика.rn

    rn

    Повеќе од Кристоф Мае:

    rn

    rn

    6. Кер де Пират (Coeur de Pirate)

    rnБеатрис Мартан е млада канадска пијанистка и пејачка која во музичкиот свет се пробива под уметничкото име Coeur de Pirate (Пиратско срце). Нејзините песни се балади инспирирани од нејзиниот личен живот придружени со нежна музика на пијано.rn

    rn

    Повеќе од Кер де Пират:

    rn

    rn

    7. Корсон (Corson)

    rnНека не ве буни тоа што насловите на неговите песни се на англиски јазик, затоа што само рефрените не се на француски. Инаку тој е француски поп-рок пејач кој досега има издадено само еден сингл, но со него докажува дека и во иднина мора да се следи неговата работа.rn

    rn

    8. Кјо (Kyo)

    rnКјо е француски поп-рок бенд кој ужива популарност веќе дваесетина години. По неколкугодишната пауза, во последните неколку месеци нивната музика повторно се врти по радио станиците.rn

    rn

    Повеќе од Кјо:

    rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што работеле познатите пред да станат тоа што се денес?

    Што работеле познатите пред да станат тоа што се денес?

    Иако денеска не знаат што да прават со парите, и тие порано работеле секаква работа за да имаат некој долар во џебот. Ќе се изненадите што сè работеле некои од најдобрите глумци на денешницата.rnrnМадона – Одредено време работела во „Dunkin Donuts“ и продавала крофни.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnТом Круз – На 14 години тој завршил благословија и аплицирал за да стане католички свештеник. Сепак подоцна плановите му се промениле.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЏони Деп – Својата одлична глума пред да стане познат актер, Џони ја користел за да им продава уникатни пенкала на клиенти. За возврат им ветувал и можно патување во Грција и џебен часовник.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnХју Џекман – Верувале или не, но тој порано работел како кловн за детски родендени. Самиот признава дека не бил многу добар во работата.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЕлен Деџенерис – Пред да стане позната водителка, Елен работела како продавачка на правосмукалки.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnЏорџ Клуни – Во минатото работел како продавач од врата на врата, продавач на женски чевли, а едно време и сечел тутун.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnСинди Крафорд – Одредено време Синди за 4 долари на час, требела пченка.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnМетју Меконахи – Додека студирал парите ги заработувал чистејќи кокошарници.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnХауард Стерн – Возел камионче за продавање сладолед.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnОрландо Блум – Пред да стане познат актер, Орландо ракувал со машините што исфрлаат глинени гулаби за оние што спортуваат пукање со пушка.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnБред Пит – Одредено време Бред работел како маскота за пилешкиот ресторан „El Pollo“.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnВупи Голдберг – Одредено време Вупи работела како шминкерка, но на мртовци.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес rnrnСилвестер Сталонe – Пред да ги добие своите први улоги, Силвестер работел како чистач на кафези во Зоолошка градина.rnrnШто работеле познатите пред да станат тоа што се денес

  • Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга

    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга

    Познатите холивудски ѕвезди и пејачите секогаш се обидуваат да бидат во центарот на вниманието на јавноста, па редовно експериментираат. Голем дел од актерите, се обидуваат да пеат, пејачите снимаат по некој филм, сите отвораат по некој бизнис на страна, стануваат модни дизајнери, а голем дел од нив напишале и по некоја книга. Ова се еден дел од нив за кои сигурно не сте знаеле дека се обиделе да бидат и автори, а дали ќе ги прочитате нивните книги, останува на вас.rnrn

    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Боб Дилан – „Tarantula“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Џони Кеш – „Man in White“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Силвестер Сталоне – „Paradise Alley“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Бритни Спирс – „A Mother’s Gift“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Вупи Голдберг – „Sugar Plum Ballerinas“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Хју Лори – „The Gun Seller“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Меколи Калкин – „Junior“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Хилари Даф – „Devoted“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Џеј Зи – „Decoded“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Џон Траволтра – „Propeller one-way night coach“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Сестрите Кардашијан – „Dollhouse“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Мадона – „The English Roses“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Наоми Кембел – „Swan“
    rnrn
    Познати ѕвезди за кои не сте знаеле дека имаат напишано книга
    Памела Андерсон – „Star“
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди

    Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди

    Патрик Торендал, попознат како Пиџет направил импресивна колекција од фотографии со познатите ѕвезди, но ниедна од нив не е вистински фотографирана. Мудриот фотоманипулатор, креира пресмешна колекција од „фотошопирани“ слики, во кои се вметнува себеси во опуштена атмосфера, рамо до рамо со голем број познати ѕвезди, но преферира да се става до најсекси актерките и пејачките. Овие слики тој ги качува на Инстаграм и на Твитер.Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвездиЗаедно со Каније Вест, Џеј Зи, Хали Бери, Ријана или Бијонсе, Пиџет е „фотографиран“ веднаш до неговите замислени пријатели, со кои го живее гламурозниот живот. Качен на мотор со Бијонсе, пеејќи серенада заедно со Алиша Кис или гушкајќи ја Ким Кардашијан, додека зборува со Џеј Зи, фотографиите на овој човек се навистина забавни за гледање.Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвездиЗабавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвездиПиџет продолжува да објавува вакви забавни фотки на неговите профили на Твитер и на Инстаграм, во кои тој е составен дел од поп културата. Тој има напишано и еден интересен твит во врска со својата работа:rn
    rn

    „Имам нула вистински фотографии од себеси. Доколку умрам, на мојот погреб ќе има само фотографии на кои задницата на Ники Минаж, е потпрена на моето чело.“

    rnЗабавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди Забавно момче станува дел од фотографиите на познатите ѕвезди (16) zabavno momche stanuva del od fotografiite na poznatite dzvezdi - www.kafepauza.mk
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Приватните бизниси на познатите ѕвезди

    Приватните бизниси на познатите ѕвезди

    Многу познати глумци, пејачи и модели, покрај својата кариера, паралелно си водат и успешни бизниси, но малку е познато за тоа. Најверојатно сакаат бизнисите да им бидат успешни поради тоа што се, а не поради нивните успеси во кариерата. Многумина од нив ова го чинат за да си ја обезбедат иднината и во поодминати години.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnСандра Булок има свој ресторан, но тоа не е ништо ново кога станува збор за холивудските ѕвезди. Специфично за ресторанот на Булок е тоа што таму можете да купите еколошки свеќи „Bessence“ направени од соино масло. Една свеќа чини 40 долари. Исто така таа има фирма која се занимава со организација на свечености, која успешно функционира.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАктерот Крис Норт има свој бизнис поврзан со музиката. Тој е еден од партнерите на клубот „The Cutting Room“ во Менхетен, каде што можете да чуете џез, блуз и соул. Тој во клубот сака да промовира нови неоткриени таленти. На неговата сцена пееле и Нора Џоунс и Гвинет Палтроу.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАмериканската хип-хоп ѕвезда Фарел Вилијамс ги вложил своите пари во модната индустрија. Неговите две колекции „Billionare Boys Club“ и „Icecream“ веќе го доживеаја својот успех, а Фарел веќе вложи и во производство на текстил од рециклирани пластични шишиња. Неговиот план е да отвори продавници во сите краеви на светот.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnАлиса Милано ја промовираше својата модна линија за женска спортска гардероба. Модната линија „Touch“ се прочу како удобна и комотна, но и со многу стил.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnСтив Карел е сопственик на продавниците „Marshfield Hills“ каде што можете да купите накит, играчки, подароци и други ситници. Тој за „CNN“ изјавил дека ваквиот бизнис го започнал од љубов, но дека тоа е сериозен бизнис.rnrnПриватните бизниси на познатите ѕвездиrnrnТај Барел пред да ја добие Еми наградата работел како келнер. Откако кариерата му донесе многу пари, со својот брат отворил бар „Utah’s Bar-X“ каде што можете да се напиете коктели по цена од 9 долари.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прави портрети користејќи копчиња од тастатури

    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури

    Австралискиот артист Гај Витби или познат под псевдонимот WorkByKnight (WBK) ги изработува овие фантастични портрети користејќи електронски отпад или подобро кажано тој создава слики од познати пејачи, глумци, политичари и слично со помош на копчиња од тастатури, калкулатори, телефони и машини за куцање.rnrn

    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Дејвид Бекам
    rnrnУпотребувајќи ја својата вештина секое копче на неговата слика претставува еден пиксел. Резултатот од неговата работа е навистина фантастичен, а во неговата галерија можат да се најдат околу 1.000 слики. Доколку имате проблем да препознаете некое од лицата на неговите изработки, оддалечете се од екранот или погледнете со подзамижани очи.rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Мерлин Монро
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Боно Вокс
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Салвадор Дали
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Стив Џобс
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Марк Цукерберг
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Нелсон Мандела
    rnrn
    Прави портрети користејќи копчиња од тастатури
    Боб Марли

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.