Носталгија за 90-тите: Најсекси мажи од деценијата

Сподели

Автор: Зорица Тодорова

Реклама

„Нирвана“ ја доведе гранџ музиката на врвот од својата популарност, широките фланелски кошули беа во мода, интернетот се користеше единствено преку dial-up и се разбира, сите бевме луди по Леонардо Дикаприо во „Титаник“. Ако сте и вие дете на деведесеттите, веруваме дека оваа листа на најсекси мажи ќе ви донесе уште убави спомени од деценијата која нѐ дефинираше.rn

1. Фреди Принц Јуниор

rnОвој убавец стана популарен по улогата во хорор-филмот „Знам што направи минатото лето“ (1997).rn

2. Рајан Филипе

rnИсто како и за неговиот колега Фреди Принц, „Знам што направи минатото лето“ беше почетокот на успешната кариера на Рајан.rn

3. Пол Рад

rnСите се заљубија во Пол кога ѝ стана момче на Алиша Силверстон во тинејџерската комедија „Изгубена“ од 1995.rn

4. Брајан Литрел

rnАх, златната ера на бој-бендовите. Уште знаеме да си потпевнеме на „As long as you love me“ (1997).rn

5. Енрике Иглезијас

rnНеговите хитови од доцните 90-ти беа почеток на латино експанзијата во музичката индустрија, заедно со Рики Мартин и Џенифер Лопез.rn

6. Крис О’Донел

rnКој не беше заљубен во овој секси Робин од „Бетмен засекогаш“ (1995)?rn

7. Џастин Тимберлејк

rnМожеби Џастин во 1998 не изгледаше толку заводливо како сега, но сите ги слушавме NSync заради него.rn

8. Дејвид Духовни

rnНајстар на листата, но секако не помалку вреден. Од 1993 до 2002 го играше агентот Фокс Мулдер во „Досиеја икс“.rn

9. Вил Смит

rnПринцот од Бел Ер (1990-1996) се претвори од несериозен тинејџер во шарена облека во вистински глумец, сопруг и татко.rn

10. Марк Волберг

rnПочнувајќи во 1991 година, Марки Марк успеа да се изгради како рапер, модел, продуцент и актер.

Погледнете ги останатите 10 на следната страна >>

Најново

Може ќе ве интересира