На нашите радио станици, покрај македонската и балканската, се пуштаат песни од светската музичка сцена кои се отпеани исклучиво на англиски јазик, така што имаме можност подобро да се запознаеме само со одреден мал круг на изведувачи чии дела имаат потенцијал да успеат на американскиот и на англискиот пазар. Сепак, во Европа има уште многу музичари кои своите песни ги изведуваат на својот мајчин јазик поради што неоправдано се игнорирани од музичките канали и станици надвор од матичните земји.rnrnЗатоа, ние во продолжение ви претставуваме 8 изведувачи од француското говорно подрачје кои можат да се пофалат со одлична музика. Тие се бават со музика од повеќе различни стилови, па можеби ќе најдете и нешто според вашиот вкус кое можете да го вметнете во вашата плејлиста.rnrn
rn
1. Стромае (Stromae)
rnСтромае е белгиски пејач и композитор кој пред неколку години стана познат во цела Европа со хитот „Alors en danse“. Денеска веќе е најголемата музичка ѕвезда во франкофонскиот свет и важи за голем уметник. Секоја негова песна станува голем хит.rn
rn
Повеќе од Стромае:
rn
- rn011
- Papaoutai
- Formidable (ceci n’est pas un leçon)
rn011
rn
rn
2. Жилиен Доре (Julien Doré)
rnЖилиен Доре стана познат во 2007 година по победата на едно француско шоу за потрага по млади музички таленти. Паралелно води две кариери, една соло и една со својот стар бенд. Неговите соло албуми се многу послушани.rn
rn
Повеќе од Жилиен Доре:
rn
- rn011
- On attendra l’hiver
- Les Limites
rn011
rn
rn
3. Ирие Револте (Irie Révoltés)
rnИрие Револте всушност е германски бенд, но се наоѓа на оваа листа поради тоа што нивните песни ги изведуваат главно на француски јазик, покрај само неколкуте на германски. Нивните стихови се бунтовнички против денешните текови во европското општество и праќаат силни антинационалистички пораки.rn
rn
Повеќе од Ирие Револте:
rn
- rn011
- Résisdanse
- Travailler
rn011
rn
rn
4. Метр Гимс (Maitre Gims)
rnМетр Гимс е роден во Конго, израснал во Париз каде што повеќе од десет години успешно гради музичка кариера. Неговата музика претставува мешавина од хип-хоп и денс.rn
rn
Повеќе од Метр Гимс:
rn
rn
5. Кристоф Мае (Christophe Maé)
rnКристоф Мае е кант-автор чии лесни хитови се обожувани главно од женската публика.rn
rn
Повеќе од Кристоф Мае:
rn
- rn011
- Tombé Sous le Charme
- La Poupée
rn011
rn
rn
6. Кер де Пират (Coeur de Pirate)
rnБеатрис Мартан е млада канадска пијанистка и пејачка која во музичкиот свет се пробива под уметничкото име Coeur de Pirate (Пиратско срце). Нејзините песни се балади инспирирани од нејзиниот личен живот придружени со нежна музика на пијано.rn
rn
Повеќе од Кер де Пират:
rn
- rn011
- Place de la République
- La Petite Mort
rn011
rn
rn
7. Корсон (Corson)
rnНека не ве буни тоа што насловите на неговите песни се на англиски јазик, затоа што само рефрените не се на француски. Инаку тој е француски поп-рок пејач кој досега има издадено само еден сингл, но со него докажува дека и во иднина мора да се следи неговата работа.rn
rn
8. Кјо (Kyo)
rnКјо е француски поп-рок бенд кој ужива популарност веќе дваесетина години. По неколкугодишната пауза, во последните неколку месеци нивната музика повторно се врти по радио станиците.rn
rn
Повеќе од Кјо:
rn
- rn011
- Je Cours
- L’equilibre
rn011
rn
rn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.